бил (гл.) - исполнет (прид.)

Наликуваше на вработен во касапница чијшто работен ден бил исполнет со завидни деловни успеси.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во долгогодишниот подготвителен период за востание, кој бил исполнет со чести судири со органите на власта, Македонската револуционерна организација не се служела со динамитни атентати и диверзии по градовите или по сообраќајните комуникации.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, на Веселина и на Ацо секој ден им бил исполнет со единствената мисла: од заработката да одделуваат што повеќе настрана, во штедната книшка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неговиот пријател Студентот очигледно бил исполнет со ведрина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во длабочината на салата, лево и десно од централната фотелја наменета за претседателот на Судот, биле распоредени фотелјите за судиите, спроти нив, на далечина од неколку метра, била клупата за обвинетите, лево од неа - масата на записничарот, преведувачот и за еден служител, а другиот дел од салата бил исполнет со столови за многубројните “гости“ што биле поканети да присуствуваат на читањето на пресудата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)