бил (гл.) - најдобар (прид.)

Во своето време тој бил најдобар ѕидар на камени мостови, но не била само неговата вештина тоа што ја спречило Луда Река да не ги зграпчи столбовите на мостот и да не ги проголта неговите сводови и потпори.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ти да си во нашето школо би бил најдобар, со пламени очи рече Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, сигурен сум дека кога ти би била овде или јас таму, би биле најдобри пријатели.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голема, мала моја, не лути се што вака ти се обраќам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Книгата била најдобра другарка, рекол некој и јас барам две другарки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто ли тогаш кога не е во состојба збор да изусти и само минути го чекаат за да биде покриен со земја, му велиме дека бил најдобриот?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Иако Турците биле многу тие биле изненадени и почнале да бегаат, оставајќи ги мртвите и ранетите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На една ливада Турците виделе седуммина браќа како косат трева, а тоа биле најдобрите и најубавите момчиња во 72 струмички села.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Таа вест летнала како веда од дом во дом.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)