бил (гл.) - тежок (прид.)

Тешки биле тие вре­миња на Балканот, ама кога не биле тешки, само тогаш, се чини, биле најтешки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како вујковците се тепале на креветот, па потоа ги држеле главите со раце затоа што им биле тешки...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
АНА: (го подига). Леле што бил тежок!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За Канети тоа бил тежок удар, но, подоцна признал дека било добро што ударот се случил токму навреме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навидум сосема недолжно, онака милозливо и наивно, тој велеше дека, ете, во писмата на Павле, тој мудар и учен човек, имало и такви работи кои биле тешки за разбирање, та неуките читатели понекогаш ги извртувале.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
При последната средба дури и ми довикна: Попусто се прашуваш во една твоја надраска (а таква надраска не постои): колку ли бил тежок мојот сизифовски напор в туѓина, бидејќи секој ден сум го разградувал она што таму, кај вас со години сум го градел!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)