бил (гл.) - така (прил.)

Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да било така лесно и безнакажано престапувањето на меѓународното право, досега државите денеска ќе примаа на себе разни задолженија и утре ќе се откажуваа од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но не било така.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но зошто би било така? Па и да е така, каква врска има тоа?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој рече дека косата ми мирисала секогаш на цимет; му реков дека такво нешто сигурно немало, бидејќи јас не го поднесувам мирисот на циметот; тој ме убедуваше дека било така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпосле зошто не би било така: вистината е понекогаш во уверливоста на она што ни го раскажале и во она што други го слушале од нас кога сме умееле да раскажуваме.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Властите, барем во Солун, сакајќи да покажат пред надворешниот свет дека правосудството во Турција не било така „црно“ како што се мислело, прогласиле извесна јавност во судењето на гемиџиите и на другите процеси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И штом било така, требало по секоја цена да се исползува случајот што процесот ќе се разгледува од граѓански суд, на кој ќе биде присутна публика, новинари, како и некој од драгоманите или секретарите на европските конзулати во Солун, за да се каже вистината за движењето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
КОТЕ: Е, проштевајте штом било така. Сум грешил.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Во еден друг настан не било така, - сонливо се побуни со растреперени зборови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Во кој настан, братче врескалче? - Во оној што ќе ти го кажам сега.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој ми потврди дека било така, но не му даваше значење на тоа. Само рече: Абе, детински работи!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секогаш било така, а најмногу кога ќе имаш некоја несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе речеш дека на младиот секогаш му се спие, ама не било така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ај, така да направам, ама не било така и не било толку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Во сите времиња било така”, вели слепиот Тимон: „кај дупи парата, не дупи бургијата...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И да било така, не ќе бев подготвена да го прифатам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За третиот и самата не знам што да речам: сум била убаво повиена и оставена пред црковните порти во Чифлик.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не помагало, Проказниците се споулавеле. Најпрвин гризале дрвја и камен, потоа ги извлекле од кании сабјите на пашите и си ги испоклале жените и децата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чучук-Андреј со сомневање се накашла. „Знаеш дека било така, си им светел кога ги секле жените и децата?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си реков - он е мојата судбина и иднина. Ама не било така.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ж: Ај, ај, ај! Зарем веќе е полноќ?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Впрочем би можел да го претпоставам крајот: очигледно било веќе бесмислено да се продолжи и вие покорно сте го признале тоа, и тоа е тоа, а? Нели било така?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ама како да поверувам кога знам како се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и во весник напишаа твоите дека било така, лично прочитав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве со Јон си дадовме збор, а Јон не е војник. Така, си мислев, ама не било така.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)