бил (гл.) - тогаш (прил.)

Тој би бил тогаш барем донекаде заштитен од ударот на секоја неминовна разделба, и на последната.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што град бил тогаш. Прекрасен, современ, богат. Светски. А сега?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гледај ги автомобиливе. Нема ни едно фиќо. Сè само лимузини.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Есејот беше напишан за една ноќ, со многу вино, што може да се забележи, според наместа неповрзаните асоцијации; јас и денес ги гледам тие места, но не ги коригирав, за да можете да сфатите во каква емотивна состојба сум бил тогаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никој не знае како ми било тогаш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А како ми било тогаш, само едната јас си знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека ги прелистувате своите сопствени белешки, напишани од пред неколку години си велите „Какви се овие глупости“ смеејќи се на помислата за тоа кој сте биле тогаш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И било тогаш некое мало девојченце и се викало Јаглика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)