блеска (гл.) - во (предл.)

3. Алфабетското писмо по себе и за себе е најумно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
1. Оној кој ќе блеска во науката за писмото ќе блеска како Сонцето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ненадејно стресување од сон, груба рака што ти го тресе рамото, светла што ти блескаат во очите, круг од тврди лица околу креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа градината секогаш блескаше во својата убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Не дозволувам да го угаснеш она што свети и блеска во тебе и те прави недостижна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лакхдар Брахими беше секако еден од нив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Личноста која најсилно блеска во соѕвездието на пријателствата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас би сакал, но не како книжевен критичар, да се задржам на доминантните идеи–теми кои произлегуваат од ова искуство и кои блескаат во ова дело.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сонцето ѝ блескаше во очите, таа ги зеде очилата за сонце што ѝ стоеа на столчето крај неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Многумина од младите луѓе се сосема заборавени од општеството немајќи дарба да ги пренесуваат вестите, а тоа е жална судбина за еден млад човек, ако на него се сеќаваат само кредиторите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ете ги, најљубезни браќа, малиот збир на правила, толку неопходни за секој, кој сака со успех да блеска во помодното општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
2. Штом се подготвиш со овој прекрасен почеток, од кого следуваат сите други правила од кои човекот блеска во општеството, ти треба да отфрлиш некои предрасуди, кои некојпат му пречат на младиот човек да блеска со остроумност. 120 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
1. Од самиот почеток, штом само стекнеш свест за себеси, научи дека си благородник, дека си дворјанин и заклучно, дека си роден само да го јадеш оној леб што го сеат твоите селани; со еден збор, замисли си дека си среќен трут, кому крилјата не му се изгрицкани, дека твоите дедовци само тоа и мислеле, на твојата глава да ѝ го остават правото на ништо да не мисли.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Секое дете држеше по еден голем змеј од хартија, а лицата им блескаа во очекување и животна радост.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)