боли (гл.) - глава (имн.)

Најпосле ми светна: слегов долу и на сите им се внесов в лице: - Ја сакам, де! Ја сакам... Што ве боли главата!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Него батали толку мислење. Од многу мислење викаат болело глава.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И овде се докажува познатиот стих: “По покусиот пат во рајот не се стигнува” - на почетокот морате да вложите малку повеќе за после помалку да ве боли глава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нови техники на огласување SKYWRITING Станува збор за една од тнр. „out of home“ техники на огласување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Заштедите што се постигнуваат со избегнувањето на тестирањето на огласите пред да се емитираат се смешни во однос на можните загуби кога преку мас-медиј се испраќа погрешно формулирана порака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Оф, мамо, многу ме боли главата... Сега пак и стомав почна...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не, нема да оди! - Оф, мамо! Страшно ме боли главата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ох, не можам, ме боли главата! - одговара Ване и чека што ќе стане понатаму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И си тргна Димче полека дома. Но тешко му беше да оди. Го болеше главата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Воопшто не ја болеше глава за тоа дека нас олуглавите нѐ пржеше летното сонце и нѐ гореше жед.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но од тие каприци не него, а нас Македонците ќе нѐ боли главата, како што и нѐ боли веќе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
НЕДА: Нема ништо. Денес нешто ме боли главата и тоа е сѐ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Каде се криеш?” „Што те боли главата!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се разбира, во меѓувреме почнува да те боли глава, па му се јавуваш на среќникот, ако му е попат, да те земе со автомобил зашто и така детето ти е на дом-сместување и исхрана кај пријателката ти, т.е. кај жената му.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Навечер, ама секоја вечер, те боли глава до тој степен што не легнуваш додека „бабата-мајка“ (твојата пријателка) не заспие со децата, а потоа оној разлигавениот го „работиш“ до сабајле.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А јас морав цело време пред него да одам ’гзеечки, за тој, главниот, да биде прв и најважен, па, кога тој ќе клекне и снимателот клекнува, за да биде „у рамнина“ со него; и сè така до крај, кога цела сала му аплаудира ’ко на херој додека со плунка ми лепи и мене на челото банкнота од која боли глава!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И сфаќаш дека секогаш кога ти се нудат можности „боли глава“ не знаеш да си направиш избор, а да биде правилен, тој изборот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И не е тоа поради статусот кој ми се промени од нечија во ничија, да речам слободна, ниту, пак, затоа што пропорциите на телото ми се „боли глава“, ами затоа што сега сум една обична распуштеница која може, ете, да биде сечија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Утредента, пак те боли глава, па мораш да спиеш на плажа, а сите молчат заради тебе, па дури и по плажата ги замолчуваат гласните мажи и децата што вреват.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Разбуди се, опасно е да сонуваш во овој вошкарник! Буден ли си? Те боли главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во тажно чадливата пустош се отиснуваа сцени, живнуваа ликови болно јасни и од тоа го болеше главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За нивниот живот не мора и нас да нѐ боли глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те боли глава, губиш концентрација, ништо не правиш како што треба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сомнително ме боли глава, затоа ќе избегнувам да ја среќавам сестричката. Ми ја вади душава со памукче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа ми е жена. А, можеби и не ми е. Не знам. Ме боли глава.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почнав да се жалам дека ме боли главата, ги замолив да престанат да ми се јавуваат, требаше да учам за утрешниот испит.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И си тргна Димче полека дома. Но тешко му беше да оди. Го болеше главата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)