бори (гл.) - да (сврз.)

Се бореше да ја поддржи глобалната програма на сметката на своите чеда.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знаеше веќе и не се бореше да узнае.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се бори да ја повлече надолу во длабокото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Господи, не заборавај нѐ ... Му верувале на видовитиот дека ги следи некаков куп крлушки, заби и нокти, бездруго да се надвисне над нив, да ги поклопи и да ги стори испокинати мртовци со дрипаво месо на студените коски, сета таа бедна расфрленост да се сфати со последното делче на свеста и пак таа свест да се бори да остане непобедена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во целиот бран што ги следеше ослободувачките војни на колониите, сиромашните се бореа да се ослободат од богатите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веќе година и пол се борам да се создаде меѓународен фонд за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се борам да бидам закулник и да не го гледам. Зашто немил ми е прекорот во неговите очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го анализира однесувањето, на суштеството кое се бори да се пронајде во ритмот на новото време.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Резултатот е „Медал“, за кого сите се борат да го допрат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Жената беше смирена. Ова не беше прв пат во тие тешки денови, кога се бореше да го спаси патот на јагулите, да го гледа како зборува на сон.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)