брише (гл.) - лице (имн.)

Си ги бришат лицата од едни солзи и прават место за други.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Одох ја у материну, вели Витомир и ја стега црвената пара со дланката. - Кај одиш, Витомире, викам, со кого ме оставаш Витомире, викам и му го бришам лицето од земјата. 209
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оф, сонце, бамити сонцето, вели, бамити огнот, вели и си го брише лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вади шамиче и го брише лицето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ѝ ја земам главата, ѝ ја пикам в пазуви, ѝ го бришам лицето што малаксува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од торбата извади крпа и рече: - Да те подмијам малку... - ја наводени крпата и почна полека и нежно да ѝ го брише лицето, вратот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)