брише (гл.) - око (имн.)

Уште од вратата ги фати чадот од борината и боровите дрва и почнаа да си ги бришат очите, небарем се сетија за сите свои блиски и далечни покојници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жената брише очи, зачудено гледа. Што му текна сега?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја викаат пејачката. - Данче... А Данче ги брише очите. Плаче. Таа има меко срце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Незабележливо ги брише очите.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Старите ги бришат очите, децата цимкаат, а невестите, ха, ха, ха! липаат!... (Мара и Ката се потсетуваат и плачат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Лаѓите, гледаме, си одат, си идат; Ѓеро ги брише очите и вели: леб нема дома, леб да им пратиме, а не по курви да одиме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ах, пуста Саветке, што немаш превидено и кој знае уште што ќе дочекаш... (си ги брише очите од солзите кои ѝ протекуваат).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Само... уште еден услов имам... (се преправа оти му е жал, вади шамивче и ги брише очите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПАРЕ: Аман, мори Антице, стани да бегаме оти сите ќе не срамат. (Фроса, Кате и Паре плачат и со крпи си ги бришат очите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го свлечкаа внатре, пресвиснат и нем. Луѓето со стегнати срца ги бришеа очите. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајка ми е склупчена крај огништето и постојано си ги брише очите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Значи, ни заминуваш, драги учителе. Нѐ оставаш... - ги бришеше очите прислужникот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Еднаш реков: минатото не постои за ништо друго освен да поттикнува разговори и спомени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)