брка (гл.) - во (предл.)

Димо и сам виде што напишал, но пак брка во џебот од панталоните и ги извади лирите, но Бино плукна во нив и му ја окара мајхата на предавникот Дима, за кое овој му удри една преку очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А до кога едни Македонци се кажуваат патријаршисти, други егзархисти: едни Бугари, други Срби, трети Грци и го бараат покровителството кај различни балкански држави, давајќи им со тоа право да се бркаат во македонските работи, до тогај не може да се мисли за општо востание: до тогај ќе биде само парцијално: со бугарски, српски или грчки, но никако не со чисто македонски карактер.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој спор настана поради следново: продавачот брка во садот за сладолед. Капакот стои отворен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој малиот е на него. (Му брка во пазувата и вади пиштолче) Гледаш, уште од сега пиштол во појасот ставил.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се бркаат во круг, се среќаваат по исти голф-клубови, во исти ресторани.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И нивните раце вешто нешто работат. Пет игли се бркаат во Персините, чорапчиња за Пела раѓаат, а прстите на Пелагија бараат распорци или дупки по облеката на ќеркичката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Посолени како риба на суво, а на суво животот не е баш масовна појава.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)