брои (гл.) - во (предл.)

Ги броев во себе глупостите што можеа да бидат искажани токму во овој момент, но единствената вистина што ги надвишуваше сите умувања и шепотења беше сепак неповторливото сипење на грутките врз сандакот и нивното тропотење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Никој не знае кое време го избрал за свој придружник нашиот пријател, - реков - не смееме дури ни да помислиме дека сме негде близу до вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)