брцне (гл.) - во (предл.)

Секогаш знаеше да укаже на мојата немоќ, да брцне во неа со прст, но никогаш толку длабоко за да сетиш нешто налик на болка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ах, дојде, од кога те чекаме! - извика џуџето со тенко гласче како да пее, плесна со малите раце и брцна во џебот што му беше пришиен на средината од палтото и му ги покриваше целите гради, стомакот и нозете до колена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со здравје.“ рече газда Таки и повторно зема нов лист, а перодршката ја брцна во синото мастило веќе не дигајќи го погледот пред себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го фаќа паника, брцнува во другиот џеб, вади нов флиспапир од него, панично го лепи врз претходниот лик и гледа: од огледалото го гледа насмеаната фаца на Левантинец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со Ѓулсиме живееја добро. Како двајца несреќни брцнати во иста каца.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Треба да оди тука близу, до еврејските канцеларии, каде што го очекуваа неговите уплашени соговорници што, Боже мој, беше поволен предуслов за успешни преговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со едната рака нежно ме фати за лицето, а со другата брцна во џебот, извади нешто оттаму и ми го залепи на челото меѓу двете веѓи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)