буди (гл.) - болка (имн.)

Ја гледам празнината која во мене буди болка и морници ме тресат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стрвен на секакви соништа грнчарот може да набаса на соништа што ја будат болката, на соништа мемлосани од многу влага, тадури и на соништа оболени од зломисла и тешко нему ако се засркне од таквите соништа - којзнае дали ќе успее некогаш да го допре јавето сраснато во глината.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)