вади (гл.) - пари (имн.)

Во гардеробата денес бацки не паднаа, ама за честито и „со здравје да го носиш“ бакнеж доби еден „шмокљо“ што морав да му цртам дека треба да плати тој, ако таа не вади пари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
МИХАЈЛО: (Вади пари. Ги става пред Евто.) Пренесував вреќи за Турци до воденицата. ЕВТО: За седум грошеви? МИХАЈЛО: Толку ми дадоа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)