важи (гл.) - следен (прид.)

Со него престана да важи ЗИТ (1985), освен оние негови одредби што се однесуваа на инспекцијата на заштитата при работа, кои престанаа да важат следната година, со донесувањето на Законот за заштита при работа. 4 Што се однесува на правата на работниците, особено е важна одредбата на ЗИТ (1997) според која инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа (чл. 16, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За нашата сегашност, а и за нашата иднина ќе важи следново: човек мора да обрне внимание на контекстите, на преместувањата и придвижувањата за да може да ја осознае играта на смислата и за во неа да може да учествува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)