валка (гл.) - рака (имн.)

Не ме остава да си ги валкам рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цел живот ја протињам раката низ газ од кокошка, ја фаќам за клунот и ѝ го извлекувам клунот низ газ. Се валкаат рацете тука.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сега и таа сфати - не вредеше човек да си ги валка рацете со ситни и безначајни работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Другарката Оливера не си ги валкаше рацете, таа со каиш по грб, а над сето тоа правеше и една многу грда женска работа, удри и штипни, в срце да те изгори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)