вари (гл.) - кафе (имн.)

Кога беше намислил да служи литургија, не вареше кафе, оти пред литургија не дозволуваат каноните ништо в уста да се кладе, та дури и тутунец не смееше да си го наполни луленцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Има само едно дрво на крајот од нивата но под него седат кметот, жена му и децата; кметот дреми и повремено фрла поглед кон аргатите да види дали жнеат и колку ожнеале; под сенката лежи и нивното куче кое збивта со издолжен јазик и измеќарот кој се врти околу огнот и му вари кафе на кметот; крај стеблото е врзан коњот кој стои како отепан од бога; ниту јаде, ниту помрднува, а само повремено плуснува со опашката терајќи ги мувите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стојна Стојановска Станав зависник! Прво што правам наутро, варам кафе и барам нов текст од Рада, ако нема денот не ми е како што треба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имаме уште полни четири и пол часа - Тогаш, да причекаме... ...и чекаат... чекаат и понатаму... г-нот И. вари кафе а г-нот А. во својот филџан додава лажичка шеќер, зашто сака „средно накај слатко“... ги сркаат кафињата гледајќи го дневникот на А1...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа, додека Валирија ми вари кафе во кујната, јас седам сиот напнат во дневната, сосредоточен во звукот на павкањето на Чиковите крилја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
КАБИНИ
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Седевме двете на терасата под лозницата, таа го пиеше кафето и пушеше „сто цигари во минута”, а јас јадев лубеница и мислев што да сторам и како сето ова ќе заврши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почнувам да се загрижувам – гладно рече и отиде да си вари кафе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа одеше во кујната и вареше кафе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)