вгради (гл.) - во (предл.)

Тие претставуваат несомнен придонес во развојот на нашата новинарска мисла и се вградуваат во трајните остварувања на македонската журналистика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На убавите џелати што се вградуваат во замисленото Дрво на бесмртноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Долго време бев фасциниран од одредени типови загатки, делумно мистериозни, кои се вградени во јазикот што го употребуваме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Меѓутоа, како што „скептицизмот не претставува ерес, одлучување за одредени догми, туку само некаква агога” (Хегел), така и Дишан- овата мета-иронија и атараксија најнапред треба да се разберат како сознајнотеориска позиција, која со средствата на уметничкото вообликување се вградува во самото дело.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој го чувствува фактот дека максималната валентност на соответна содржина може да се постигне само и доколку таа содржина се вгради во нејзината природна метричка и акустичка структура, доколку ја зголеми нејзината тензија со ефектите на обртот и непредвидливоста, и дека носечка суштина на јазикот на поезијата е неговата рефлексивност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во дела, каде што поетското чувство е органски вградено во раскажувачкото, без да го загрози или да биде загрозено од него, спаѓаат и расказите на Михаил Ренџов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нејзиното тело го измами неговото тело и сега нејзината мисла се обидуваше да ја измами и неговата мисла, така што измамата ќе стане нераскинлива, ќе се вгради во нивниот брак.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше решен да се вгради во таквото расположение за денеска. Извесен обред беше неопходен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој претставуваше акт со кој се изразуваше националната слобода на македонскиот народ; државноста на македонскиот народ; акт со кој Македонија се вградува во федеративната заедница на југословенските народи, и на крај, акт концепиран врз основа на уставните определби зацртани во Уставот на ФНРЈ од 1 јануари 1946 година, кој Југославија ја третираше како сојузна држава од републикански облик и заедница на рамноправни народи и народности.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Иако Македонија за прв пат доби држава, вековниот идеал на македонскиот народ за негово обединување не беше остварен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отворено искажуваше сомневање дека господата во бели мантили ја искористиле грешката што ја сторила при обидот за премин во другото време за да вградат во нејзиното кревко тело железни прачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Тие мислеа дека вградувањето на железни прачки ќе ме одврати од намерата да летам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И сега улицата живее од небото до Камениот мост А оттаму продолжува за да се влее Повтор негде далеку во ѕвезденото небо По мостот поминуваат и радоста и тагата на животот Помина по него и чадот од тратот, и молитвата На невестата што ја вградивте во темелите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во занесот да го создадете најубавото Не заборававте на полезноста О стари мајстори Го вградивте во мостот и кременот (Огнениот череп на Кралот од каменото доба).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во почетокот ги фаќаше страв од должината и големината на оградата, од огромниот материјал што требаше да се вгради во неа, но се храбреа еден со друг и продолжуваа полека, стрпливо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)