венча (гл.) - или (сврз.)

Излегле, на крајот на краиштата, од плакарот кога биле тинејџери и гледаат дека се горе-долу прифатени каде и да одат“ (16).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој јаз, како што тие го сфаќаат, ги дели, сосема предвидливо, „луѓето кои имаат над триесет години“ – оние што може да се видат како „брзаат на најновата драма од Пол Радник или како вечерта шмугнуваат во некој жив пијано-бар“ – од „настраните што имаат дваесетина или помалку години (кои) немаат толкава потреба да му припаѓаат на нешто друго, освен на поширокото општество.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако сакаш стрејт-другарите да те прифатат како еден од нив, и покрај тоа што си настран, мудро е да одрекуваш дека сакаш да му припаѓаш на нешто друго освен на општеството воопшто“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секогаш е тешко да се знае дали ваквите тврдења – кои веќе ни станале толку познати и кои настојуваат дека геј-културата е нешто застарено, дека е нешто од минатото, дека е нерелевантна за помладата генерација и дека е веќе ненужна во свет во кој лезбејките и геј-мажите, ете, можат да се венчаат или да се избираат за шефови на држави (барем така е на Исланд) – секогаш е тешко, велам, да се знае дали со ваквите тврдења се искажуваат факти или желби, дали се некаква сепнатост од откривањето неочекувани добри вести или, пак, се артикулации на некоја желба просто да ја снема геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)