верува (гл.) - иако (сврз.)

Сакаше ова да биде она што се надеваше дека може да биде, но се трудеше да не верува иако верувањето веќе му пушташе корења во градите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако беше и понатаму како фатен во ножици: Сакаше да ѝ верува иако умот не можеше да му се одлепи од неверувањето; не сакаше да не ѝ верува, но умот не можеше да му легне на тоа да ѝ верува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)