верува (гл.) - или (сврз.)

За тоа, се разбира, се плаќа одредена сума, и проблемот е решен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, промислените „скриени убедувачи“ (В. Пакард) наоѓаат начини пред очи да ни ја потстават својата роба а притоа ние тоа воопшто и да не го разбереме како реклама.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па, каде се случува тоа? Верувале или не, во филмовите и ТВ-сериите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ѓорѓе беше ставен на мисла дали да ѝ верува или не.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Вештина сѐ да се пресмета, сликарство што се манифестира со бурни феномени; тоа, во права смисла, се изградува како „механизам за маѓосување“; но едновремено, штом ќе помине вxашеноста и штом гледачот ќе го опфати таинствен страв, таа состојба може да се објасни само со враќањето на „менталните“ операции; се враќаме од маѓепсаноста, од илузијата за завршено дело, кон неисцрпната активност на духот, т.е. кон бесконечноста од рефлексии и анализи, односно кон чудото на непрекинатоста, кое ни самото, во крајна линија, не е ништо друго туку еден вид на исто така творечка и плодна илузија во која би сакале да веруваме или да ја дефинираме.“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Концепцијата стандардна. На првата страничка Рипли и неговото Верували или не.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дали уште не веруваа или сакаа нешто да прашаат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имале деца коишто биле сакани и кои ги сакале нив во секоја фаза на развојот и на едните и на другите, вклучувајќи ја и американската адолес­ценција и американското средно доба, верувале или не.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Една импликација од сето ова, и тоа нималку изненадувачка, е што некои млади геј-мажи денес можеби имаат повеќе заедничко со геј-мажите од времето пред Стоунвол отколку што кој било од мојата генерација бил подготвен да верува или да признае.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вели дека сега ќе биде грд, без својот величествен нос, среде тоа назално се смее, ме подбуцнува, а јас не знам дали да му верувам или не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со едно пенкало и не може многу да ме повреди, затоа само и такви предмети фрла, затоа што знае дека ако фрли со нешто друго, потоа може да му биде жал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оној кој остава во убедување секогаш е понадмоќен од оној кој верува или присилува на верување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)