види (гл.) - неа (зам.)

Гледајте на ова место дури не прошетал оган нив него Ноќеска ја видов неа тука во птица престорена И на прозорец ми тропна.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нема да дознае дека кога повторно го закачив на ѕидот, наместо својот одраз ја видов неа. Беше прекрасна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ѓоа она неќе, токо он да а видел неа. Леле, леле, пусти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој замижа и ја виде неа како му се дава на другиот маж, нејзиното вито тело му ја предаваше својата белина и еластичност на другото тело, нему му ја даде сета префинетост, која тој ја сметаше само своја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш тој, во својата душа, знаеше дека таа беше во собата, и тогаш во темната месечева светлина, што се процедуваше низ пердињата, ја виде неа како жива слика, го виде нејзиното убаво бледо лице, дебелиот кок руса коса, и начинот на кој го движеше своето вито тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Каде ја виде жена ми?” „Ја видел неа како оди долу по Еурека.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ти требаше видиш неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)