види (гл.) - ја (зам.)

Она што го виде ја натера да стане како попарена.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ааа! Итрице! Значи ти, сепак, си го забележала. Види ја ти нејзе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Види ја како се измени. Мајка, миличок. Сега можат слободно да ја клукаат, да се лутат, ништо! Ќе трпи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Види ја ти нејзе. Колку е паметна мојата тета.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)