види (гл.) - јас (зам.)

Видов- не -видов јас го научив Очетонаше по наше и почнав. Почнав и еден апостол да учам...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И јасно е, секогаш ќе се оправдам пред секој читател, дека Дури и да сум сакал, дури и да сум ја употребел целата вештина и сила, не ќе сум можел луѓето и настаните да ги внесам во повеста со сите својства што ги имаат навистина, туку само онака како што сум ги видел јас, како што ги виделе моиве очи и како што влегле во мојот слух.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во мислите го видов јас својот дом - колку за својот костур, меѓу еден манастир и едно езеро.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Не знам што мерка ама кога видов јас така, му го дадов тој стрептомицинот на шоферот. Го познавав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
На пазарот за робје ги видов утринава моите три деца и жената, во синџири, во рани, во партали, ги видов јас, ама ме видоа и тие, мил господару, а очите им засветија од радост и надеж дека ќе ги спасам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Сум видел јас и рис, и диви свињи. Мечка уште не сум сретнал...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не може да не си го забележала тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ај не прави се на „три и пол”, видов јас дека тој цело време ѕвери во тебе, а и ти во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па, кого го видов јас, велам, кој беше тој што ми се виде?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Можел некој да те види, - треперев, можел некој да го види тоа дрво како што го видов јас.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Го виде ли и ти бабо во чајот она што го видов јас?“ – мислев да ја прашам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сум го видел јас тоа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)