види (гл.) - грб (имн.)

Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега ги гледаше како се оддалечуваат, нишајќи се во длабокиот снег и еден миг се почувствува виновен оти толку многу го очекуваше токму овој миг кога ќе им го види грбот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Задоволен што им го виде грбот најпосле на тие пезевенци, викна колку грло што му држеше и запеа стара комитска песна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)