види (гл.) - крај (имн.)

Лук и вода - прифати Сојузниот, нека функционира нашето самоуправување со пазарно стопанство, без капиталистичките односи, па веднаш ќе му се види крајот. Зарем не?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидов да фрлам искра во разговорот: Нашиот самоуправен систем беше идеал на водечките француски социјалисти!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ама што беше беше - вели жената со сета сериозност со која располага - на твојата несреќа ѝ се виде крајот, идниот пат и ако дојде до страдања тоа ќе му се случи на друго ајванче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја уапси нејзината младост со големиот катанец на изолација од недоразбирање, го видов крајот на нејзиниот сензибилитет...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тука авторот го виде крајот на својата прикаска за Едо Бранов од Охрид иако животните прикаски се непредвидливи како што ќе се покаже во случајот на Еда кого Су и Марко ќе го премислат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бојан не можеше да ѝ го види крајот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ти лично го имаш пребрано тоа гајле!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќелиите се скроени за виновници Без вина јас се изборив и со катанец ќе се оковам Да не го видите сиромавиот валкан образ Се изморив од изгубени битки Но го видов крајот на војната како приведение Лебди во зеницата која затупува ко замаглени очила Во диви сенки од без трага Виорот избриша сѐ Ако патот те одведе во непознатото, таму ќе се сретнеме Ти со срце поцврсто од камен, а јас сенка в копана во камен.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)