види (гл.) - некој (имн.)

Преплашена сум да не ме види некој што ме познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се огледа наоколу да не би да го види некој и незабележано го помести каменот така да штицата сега се држеше само со еден крај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А завардувам дали ќе видам некој, не да речеш дека не завардувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега не знам дали нѐ видел некој или пукањето било по нешто друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се уплашил да не нѐ види некој така, да не падне сомнение за кривица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку ќе видиш некој да копа во земјата, под снегот: бара корења, којзнае што бара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)