види (гл.) - нешто (имн.)

Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се обидуваше, со крајно напнување на очите, да види нешто од она што се случува надвор. Ништо не се гледаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Србин и Шишман веднаш штом сфатија што им вели Чакарвелика, ги свртеа полека главите назад кон планината како да ќе видат нешто од тоа што го чуја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)