види (гл.) - папок (имн.)

И кога стигнавме, кога патот го изврвевме и тој се срони во најфина прашинка под нозете наши и се потроши, здогледавме рамна земја со ситен песок, пустина што се вика, и среде таа рамна земја – го видовме папокот на светот: планина гола, непошумена, гора соголена, висока до небото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Освен тоа, веќе го бев видел папокот на Ина (таа веќе и се преслекуваше пред мене, но јас таа блискост на луѓето во циркусот не можев тогаш да ја разберам, оти тоа Ина го правеше и пред други луѓе од нивниот свет); тој папок, за жал, немаше ништо заедничко со папокот на Луција; беше некако поплиток, без сила, зарамнет на цврстиот стомак; беше тоа, како да смениш чаша на половина пиење на еден ист пијалак; како да пиеш вино со чаша за ракија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)