види (гл.) - пушка (имн.)

„Ајте сега, господот ваш, обидете се ако ви држи...” им велеше на луѓето кои стоеја со копачките да му ја срушат; тие кога ќе ја видеа пушката, се растураа и пак се враќаа; тоа со месеци го чинеа: идеа со копачите, вртеа околу куќата и пак се распрснуваа кога ќе го видеа Бандо со пушката; се обидуваа и ноќе и дење, но тој секогаш беше тука: стражареше на мазгалката и ја вртеше пушката кон нив.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Можеби ја видел пушката пред некоја плевна во која непознати мажи пиеле и можеби помислил дека е во дните на негушките борби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаел кога му се подавале рацете по туѓо. Да се сети, а? Добро, ќе се обиде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)