види (гл.) - риба (имн.)

Еднаш како ја погледал рибата коа му ја покажал измеќаро, уште еднаш не је се опулил на рибата, само шиет, да шиет и на тоа згора еве ти еден чоек муштерија на терзијата, му дошол на дуќан и му ја видел рибата обесена на чивијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Старецот го притера својот чун сосема со нивниот, се наведе и ги виде рибите што даваа последни знаци живот на дното од чунот. – Бре, бре што риба сте уловиле ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Па и ти си чоек, треба да јадиш и ти риба, ами оти била голема, ти моиш и на двапати да ја зготвиш и да јадиш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Давиде Недолетниот видел риба што изрипала од реката и полетала кон небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)