види (гл.) - селанец (имн.)

И кога се „дигна завесата", таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако ги видел бардачињата со вода откриени, бидејќи се покриваа со некаква прекривка, ќе ги земел и ќе ја истурел водата од нив и бос во зима одел до чешмата, која мошне беше оддалечена од куќата, да наполни вода притоа минувајќи низ селото за да го видат селаните и викал на глас: „Еве, имам пет ќерки и снаа, а дома нема капка вода, па јас морам да одам да наполнам на чешмата“!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И Толе така. Тргна нагоре да го видат селаните, а над село скршна десно и вечерта му појде на Ристета Белгашчето во Будимерци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не сакам да ме видат селаните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Главното беше тоа, што селаните разбраа дека Толе не е арамија за пари, ами се бори за нивно добро, за нивното ослободување од Турците, та така неговиот лик доби уште поголема симпатија насекаде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)