види (гл.) - со (предл.)

Но мајка ми, уплашена, кога ги виде со бради и со камери, не ги пушти да влезат во куќата, велејќи дека освен неа нема никој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како да ѝ биде кога не можеше да ја види со очите на дедо ми. Таа гледаше во дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Ајде, земај мера, ништо не те кошта, а јас ќе видам со нив”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кон болките сега се придаде и една тешка грижа, да не го побараат, да не го спашкаат по адресата, и дедо Иван ќе се разочара во него, ќе види со кого имал работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Другарите се пресреќни кога ќе ме видат со шубара: таа ти е, лебами, добра и од фудбал: се качува на прстите и фучи низ воздухот како надуена машина.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Наставничката одеднаш стана и налутено извика: „Вие двајцата! Да видам со што се занимавате!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Толе го виде со две пушки и му се израдува до лудило.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жал ми е, жими вера, имат добри луѓе во нив; ама, ете, има и едепц'зи што го кријат тој арамија, и крај сувото — ќе горит и суровото, — изусти Арслан и го викна јузбашијата да му ја сопшти „пријатната" новина — дека го поздравил Толе Паша и му нарачал да оди да се види со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе му одам уште утре, нели нарачал, та за видување — ала билер () — му одговори Сефедин на мудурот и нареди вечерта да се спреми целиот табур за потера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе поседе во Прилеп четири пет дена. Му занесе на Горѓија четири пет тави дебело бравско месо, но не го пуштија да се види со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Барате некого? - му промрморе на преполнетото биро или само на отворената картотека. - Сакате да се видите со некого?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури кога со кожата од волчицата исполнета со слама тргнал од село до село да собира дарови, луѓето виделе со какво ѕвериште успеал да се пресмета Димитар Волчарот, па гласот за него се проширил и по селата зад планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
4) Опишете зграда видена со очите на човекот чиј син штотуку е убиен во војна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
2) Опишете предел виден со очите на старицата чиј одвратен и неподнослив маж штотуку починал. Не споменувајте го ниту мажот ниту смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
3) Опишете предел виден со очи на птица. Не споменувајте ја птицата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ти добро си знаеш дека мене не ме личи некој да ме види со тебе седната тука под дивјачката, сама девојка тоа не го прави, да си го пушти беќарот да седне до неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога на неколку чекори на излегување од кафеаната А А. ми рече дека би сакал повторно вечерта да се види со мене, зашто сум навистина многу начитан, но за жал без потребната идеолшка наобразба, јас се согласив повторно да се сретнеме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Долго време размислувам за мајчиниот аманет пред патувањето да се видам со нејзиниот преостанат брат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа не беше затоа што тој го виде со сопствени очи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само затоа и прифатив, кога ми се јави по телефон, да се видам со него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Отидов на закопот, но не чувствував ништо; се видов со брат ми, но не чувствував ништо; ја видов Луција во една продавница со Земанек, но не чувствував ништо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега да видиме со што плативме ние за таа арнотија, или колку нѐ чини таа?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со оглед на тоа дека е аутопсична (аутопсија на старогрчки значи да се видиш себе си, да зборуваш од свое име, да зборуваш за она што си го видел со свои очи), сликата подразбира лично сведоштво и искуство преку патување, откривање, набљудување, размислување“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не сум се видел со него цели тринаесет години.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЛАДИЧОТ: Не. Мислев само, ако веќе останам подолго, да се видам со еден човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Држи гостилница во центарот, па додека се шетавме, ме виде со него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оној што тогаш го видел со кошчатите шаки и наизглед предолгите раце, со избричена глава, можел да помисли дека пред себе има некој деликвент кој штотуку му избегал на џелатот од под секира. 84 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Често пати навечер, ко ќе заврши работнио ден, по пат накај дома, ќе сврати во крчмичено „ Драгор“ да се види со другарите, да се напие чаша вино или ракија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Само што дојдоа, девојките оттрчаа во градината да се видат со сестра им Пандора која беше веќе таму со мажот и бебенцето од една и пол годинка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Рано појдов кон Картагина. Раиз беше сѐ уште во градината. Го водеше својот бој со дивите билки. И не ме забележа. Беше како дел од градината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред секоја средба со Јасер Арафат чувствував длабока, необјаснива потреба да се видам со сето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука го очекуваше Сотир Паскали, зачуден кога го виде со куферчето: Зар сакате, професоре, да го напуштите хотелот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога Татковата мајка во 30. години заминува за Турција, да се види со своите браќа и сестри во Турција, по триесетина години откако се разделиле, неа тешко можеле да ја разберат со нејзиниот архаичен турско-арапско-персиски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога конечно ќе ја прочиташе според него вистинската книга, а таа беше секогаш последната, според распоредот на рафтовите во библиотеката и редот на читањето што само за него имаше некакво посебно значење, тој ќе си ја ставеше старата излитена вратоврска и црната паларија донесени уште од Цариград и излегуваше во старата чаршија да се види со своите најблиски верни пријатели со кои играше балкански покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И отишол водејќи го ждребето на улар и не вртејќи се да види со каква мака бегот ја задржува кобилата на работ на својот овоштарник со доцна процутени јаболкници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие денови, средината на септември, кога Методија веќе разбрал што се случило, дека Симон е уапсен и зошто е уапсен, подработувајќи на гробот на Борко на завршните работи, како што велеше тој, го пројала мислата за она што го открил Симон и тргнал да го види со очи самото место спроти долнечките гробишта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повторно најстојуваше да се види со Злата, но и последната нишка надеж му ја скина мајка ѝ нејзина која кога го виде, му рече: - Дете, тргни се веќе еднаш од ќерка ми...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И налето, по вршење, ќе се прошета лично бацко Пере по селата, ќе се види со пријатели и ќе ја собере вересијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Над нив ја забележа огромната слика на Сталин кој ѝ се виде со заканувачки израз.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не сакаше, како и секогаш, да ја видиме со солзи на очите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но по некој ден, овчарите пак внесоа возбуда кажувајќи дека ја виделе со две мечиња по неа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќе речат дека излегле да се видат со селаните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
– „Лели те довеал ветрот у нашава земја, кај што човек не дошол досега, му рекол, ќе ти кажам од кај те познавам, чунки си имал касмет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидеш у мене.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За да не можат утре да тврдат оти имаат нешто видено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше и ти таму? Ама ништо не виде со свои очи, нели?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како и сите други: кога ќе заѕвони лошото, ги затвораат очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Обрезан, се соочи со природата мајката, морето, Марија младата се возбуди горешто ко огледало блескотна обелискот од искон создаден во него, близнак се преслика бесконечноста о, срцето на немоќта ритамот и смртноста - опсцената, ласцивната обелискот се вивна во интимниот кат, во еонот од похота по постоење со вродена моќ и смисла да биде проблесок на еросот нишан - алхемија трепетно писмо меѓу човекот и космосот веда устремена кон небесната матка за да го одрази идеално недопирливото овоплотувајќи се себеси сѐ она кое не се прикажува но може да се види со голо око створителу Куросе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А видов со свои очи, на лице место - иконописите се темни таму кајшто денот е светол и долг таму кајшто изгревот е ран и болскотен токму како оној над Босфор!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дојде и Оливера Поточка да се види со мене и со мајка си.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас знам дека не сум била: којзнае од кога не сум се видела со човекот. Со Никифор Абазовски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сега, простете ми, морам да се видам со вашиот татко Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но сега, како што можеш да видиш со свои очи, во црните мрежи на сопствената магија се загубија и тие, ќе ги скаменам да ги нема засекогаш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И баш реков да видам со кого не смеам. (Пауза.) Ангеле, професионален артист, жонглер и хиромант.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мајка ми влезе во кујната и кога ме виде со телефонската слушалка во рака што јас од возбуда заборавив да ја спуштам, очите од лутина ѝ светнаа: - За ова би требало да бидеш казнет, - процеди бесно, - ама, сега нема време за тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Пак сум дошол, мати, да се видам со жена ми Калија”, рече Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа, откако ќе го отпратев на спиење, одвај чекав да се видам со нив и да си поприкажеме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Немав време да се видам со другарките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Зар ти треба дозвола од него за да се видиш со некој пријател!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)