види (гл.) - негов (прид.)

Да живеев во негово време јас ќе бев неговата Џинџер Роџерс, ќе бевме најдобриот танц пар на светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Многу ми е жал што не смеам да го отворам сандакот за да ги видиш неговите коски.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мајка ми збунето го погледна татко ми. Немаше време да ја види неговата реакција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Спасија ја виде неговата забуна, но не разбра одошто е.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но додека го правеше распоредот на трупите и планот за напад, и него го фати сонцето и тој виде како се точка старавинската војска во правецот на чуката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа сонцето го огреа баш во селото Чаништа, оттука до чуката Маргара имаше уште цел час одење, та тие што беа на чуката слободно можеа да го видат неговото движење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И од поткопаната мисла, како од поткопан брег од водите, во моментот на уривањето многу непредвидени зборови па дури и цели реченици може да се истурат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто се случи, што не можам да го заборавам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов го видов дури кога дојде доволно близу до прозорецот за да ми ја запре светлината и да ми соопшти дека колата со сандакот пристигнува; а јас пред да ја слушнам новината всушност го видов неговото, како што пред тоа се беше изразил, разведрено лице. (Или не беше рекол ништо слично?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Им реков дека беа исти и со мојот син Иван во растот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние што доаѓаа бараа да ја видат неговата одаја, и неговите шејови, а јас им велам дека во одајата има само една преслека од момчето, другите алиштенца се од мојот син Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа се врати, гледајќи го од прозорецот, го виде неговиот светликав син бјуик како сврте кон портата и се упати накај задниот дел од куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како можев на татко ми било што да му речам за неа, кога ќе го видев неговото деформирано, будалесто лице, беспомошноста и очајот во неговите очи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мнозина го видоа неговото дело, мнозина беа со блесокот озарени, дури омаени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега беше буден. Лежеше, буден, врз своето тврдо легло, а во собичката стоеше истиот оној ден, што го виде неговиот пораз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некоја сила му ги растави клепките и тој остро ги насочи своите презриво тажни очи кон оние што сакаа да ја видат неговата малодушност, страв и покаеност и треперењето на солзите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Водата се предаде, го пушти да се качи во планината високо, високо, да можат сите да ја видат неговата големина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од последниот пат кога го видов неговото изопачено лице, сѐ ми е измешано.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стотици пати досега го имаше гледано залезот, но дури сега, оваа вечер, ја виде неговата убост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали воскреснал од мртвите или некој некогаш ги видел неговите коски.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но кога низ вратата тивко, како глувче се мушна стриче Лентен, кога ја видовме неговата подгрбавена, смалена фигура, сите како под команда занемевме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога го свртија на лице Кејтеновиот син, ги видовме неговите ококоравени очи, силно стиснати усти, пенливи. Со крвца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Меѓу другото, јас сега од автомобилот го видов неговиот помошник - како ли се викаше? - Аршински. Тоа не е на добро.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А кога ја виде неговата бистрина, послушност и храброст во неколку борби околу Сингидум, го засака како вистински син.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најзагодочна на авторот му се виде неговата насмевка што во секое време се ширеше до некоја отвореност на душата, но никогаш човек не можеше да знае кога ти се смее затоа што се радува или ти се радува, а кога е готов луто да те касне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа го виде неговиот мрак во огледалото, неговите сомневања, неговата непогрешливост; се сврте и му одговори на мракот во неговите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се исправи со стиснати тупаници за првпат го виде неговото лице со ниско чело умни, повеќе потсмешливи отколку насмеани очи и усни, што не беа калап за забите, ни мера, рамномерност, соодветност за женскиот нос и меката брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Париж е убав град, а ти имаш цела година во слободното време да ги проучиш и видиш неговите знаменитости.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога го виде неговото разочарано лице, баба му тргна во пресрет.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дај ми го ти него да го пратам јас да прави ќумур, јали ќерпич и ќерамиди, па да ја видиме неговата чистота!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: (Слуша.) Пак вика.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да чекорам по туѓи патишта, иако во срцево носев болка тешка, зошто знаев дека повторно ги изневерувам моите чувства и не верувам никому освен на сопствените лаги.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да го видам неговото грдо лице во лицето на мојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И третиј ден дошли до царскиј град, и царо изшел сос неговите бољари на срешта, и кога видел неговата љубезна ќерка, притрчал и ја пригрнал како татко сос радост и сос слзи.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Во мигот кога го спушти на земја, ги виде неговите ококорени очи исполнети со ужас и болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бевме во стоковната куќа во Гинза, саат време пред затворање и го видов неговото паѓање од полукатот на робата на нова Азија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Го виде неговото смрачено лице, чија убавина се расточуваше како боја на дожд. Тој се плашеше, а ибн Тајко ликуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)