види (гл.) - веднаш (прил.)

И таа почна: Сираче!… но без смисла и жар, брзаше весело. – Ајде сега ти Милице, ми рече, а јас почнав полека да рецитирам, внимавав на точка, запирка и видов веднаш дека на учителот му се допадна, но сепак рече: Ќе видиме кој од вас двете ќе настапи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ми вели дека ќе оди во спалната малку да дремне, а брат ми повторно ги обува патиките, се разбира без одврзување, туку ги нагазува, токму така како што татко ми да го види веднаш би му свикал, и оди надвор: - Само да знам – довикува од вратата – ќе правиш денес колач или воопшто да не се надевам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Штом ја виде веднаш го привлече.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во енверова Албанија секој непознат се сметаше за агент и секој кој го видел веднаш морал да пријави во сигурими.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)