види (гл.) - заедно (прил.)

Не бев сигурна дали ме виде заедно со жената и очекував да ме праша.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
СИМКА: И тоа, и тоа, Костадине... Татко го даде... Го даде без мене...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Аритон Јаковлески ги ококорави очите кога нѐ виде заедно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Грдо е да нѐ видат заедно.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога и да сум ги видел заедно со баџанакот, кој инаку е доста пристоен човек, сум се чудел како ја поднесува во својата близина. Има еден таков крескав глас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Побарав да го видиме заедно со неколкумина од Маказар. Михајло рече дека и тој така мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)