види (гл.) - никаде (прил.)

Не видоа никаде стражар.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И корпата што му ја донесоа за спиење Мацко не ја виде никаде по куќата, па спиеше каде што ќе најде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се сврте на онаа страна каде што отидоа децата, но кога не ги виде никаде наоколу, рече: - Ама го видов ли јас и она Мартина со нив или така ми се стори!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)