види (гл.) - пак (прил.)

- Утре ќе се видиме пак, - рече Бојан па замавна со секирата и ја остави забиена во телото на Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Малку“, рече. „Зашто ќе сакам што поскоро да те видам пак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Рече: Добро! Но сепак, остави по два дена да се видиме пак.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Види шо детенце е, натемаго! Кротко како јагне, лакомо како прасе, јаде и се оближуа како маче А види пак шо убаво се учи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Види пак беља од Турчин, си рече во себе и ѝ се вратија во сеќавањето сите страшни слики од харемот на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама штом ќе се вратам до врата, ќе се обѕрнам, не можам да не се обѕрнам вели, и ќе го видам пак срчето. 232
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)