види (гл.) - подоцна (прил.)

Дури подоцна сфати колку бил несвесен за природното вклопување на својата физичка појава во новиот пејзаж – неговата висина и русата коса можеа да бидат и словенечки и австриски, и германски, како што виде подоцна, додека возот продолжи да оди низ широките пространства на обединетата Германија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Водомар, о Водомар, говорник си мил и знаен. Твојот говор ни е дар и пелтечав дури да е.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Како и порано со ракче во брадата, Водомар зад човел над чие големо теме беа испишани зборови, како што видов подоцна, говор во моја чест.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но, како што се виде подоцна, не беше работата во тоа. Не беше така просто.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но каква смисла можеше да има оваа споредба можеше да се види подоцна кога ги открив во Сиди Дауд туноловците со древната матанѕа кои со инстинктивен нагон за владеење со големи метални прачки до бесвест ги убиваа заробените џиновски туни, чија мазна синосребреникава кожа стануваше црвена од крвта која ја менуваше бојата на морето во делот притеснет за масакрот?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Книгата го предизвика моето внимание во времето меѓу падот на врховниот борец Хабиб Бургиба, кој бездруго имаше тиранско-фараонски амбиции и архаичниот лов матанѕа на туните, на една од последните станици од нивниот медитерански свадбен пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вујкото Едуар ми повторуваше секој ден, пред излегување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ништо освен прави прошетки...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ќе видиме подоцна!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ако ги видиш порано, или ако ги видиш подоцна од вистинското време, тоа е полошо отколку да не си ги видел; затоа што, и да не ги видиш, тие живеат свој живот во тебе, со помош на твоите замислувања, или пак допрва ќе ги мечтаеш, и ќе им дадеш живот во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ако ги видиш прерано, или предоцна, како да си убил нешто во себе, нешто што дотогаш во тебе живеело, или нешто што допрва во тебе требало да се роди.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)