види (гл.) - тогаш (прил.)

И јас треба да си најдам куче, помислуваше тогаш Дончо, големо и лошо, па да видиме тогаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Да видиме тогаш, - ќе речеше татенцето и ќе му дадеше знак на Колојан Николоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го видов тогаш тој Чорола, играорецот и песнопоецот селски, како ја крена каленицата и до половина ја излока.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе го видат тогаш Сталин како жив во сликата...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Велам кратко, затоа што тоа беше навистина кратка посета, пред сѐ заради нетрпението што го видов тогаш кај Симона од присуство на други луѓе што, од друга страна, се совпаѓа со сведочењето на Методија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Петре го виде тогаш панаѓурот сметен божем од некаква џиновска метла, а тезгите и редиците сермии претворени во долги миндери со најшарени шари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)