види (гл.) - дека (сврз.)

Уште додека ги изговараше тие зборови, од изразот на неговото лице видов дека се кае за она што го кажува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога виде дека јас плачам таа силно се расписка, веројатно поради тоа јас што плачев, не сфаќајќи зошто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очите ѝ се насолзени и како низ магла виде дека некој мафта со рака во окрвавен завој.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како што ги цедеше од нив излегуваше матна вода при што таа цимолеше со искривена уста. Видов дека почнува да плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Царот видел дека говедарчето има 15 - 16 години и го запрашал: - Колку богатство би сакал да имаш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А кога на Адемовата колиба во Валот, каде Толе со стрика му Кулета ги пасеше Адемовите овци, дојде арамијата Чанак капидан со своите другари — шест души одбор момчиња — и зеде два брава за да го подмами Адема да го фати и уцени, Толе во своите десет дванаесет години се зачуди од храброста на овие луѓе што не се плашат од Турците, и виде дека некој и со нив можел да се бори и да ги тепа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја гледаше од сите страни: виде дека е скината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Хелвиг ја погледна. По изразот во тој негов поглед, Марија виде дека тој сфати што се содржи во таа нејзина реченица. Таа нејзина воздишка...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го преврте белиот плик, го прочита името на испраќачот и виде дека е од женско. Тоа му ја побуди радозналоста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога минувавме покрај Карлтеатарот, видовме дека на големиот плакат поставен пред него беа најавени изведбите на неколку антички трагедии.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во еден миг на неговото лице се виде дека се откажува од своите обиди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
БАБА АНЧА: И кога видов дека не сака за Трајчета, ја завртев колата за Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По извесно време кучињата се оддалечија од терачите, и по лавежот што доаѓаше, се виде дека мечката е одмината далеку.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И видикот го проширив за и другите да видат дека не може така лесно од небидници – да бидат!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Се исправи пред нив и сега можеа да видат дека е висок човек, малку подведнат, клифунест во носот, усните тенки и лицето издолжено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Последен пат се обидов: „Никој не видел дека Онисифор Мечкојад тоа го сторил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе видиме дека се што поминува низ земјата се чисти, ќе сфатиме дека таа е филтер на нашиот живот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога виде дека нив ги нема, се јави Источникот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Погледот го заврти кон прозорецот и виде дека се стемнило надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јован слезе до кујната и виде дека вечерата е готова, алвата таман ја потуриле, и од разговорот со Најда и Стана разбра дека тие абер немаат што стана горе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го позастана малку коњот и виде дека Трајко ги задржа Турците, му ја пушти уздата и го потера полека нагоре, дочекувајќи ги другарите по него, и како секогаш што правеше, си ја викна својата мила песна: Не плачи, мајко, не жалај, мори, Оти ќе станам ајдутин...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Не е како што видов дека прават во Британија, каде ти го запишуваат името и ти бутаат инјекции со валиум во задникот“, суво коментира Аугуст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се свртев кон него. Додека се бакнувавме, ја вкусувавме прашината што ни беше останала на усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но тој видел дека сепак му кажува нешто со брз поглед. Што? Она во што верувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, куц-куц, тоа куцо човече почна и за ќајата Неби-ага да претставува камен за сопнување, не само филијка од лебот на папуџијата Јосиф: кај папуџијата Јосиф доаѓаше по свои папучи и лично кадијата Гази-баба, а Гази-баба не одбра Турчин за таа работа, туку баш рисјанин, зашто тој што беше седумпати едноподруго избиран за кадија на Скопје, со мудроста отиде далеку и виде дека душата на овдешниот човек полесно се предава со милост, отколку со сила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„А ќулафката?“, прашав. „Денес, кога јас фрлив камен, тој се сврте кон грмушката во која бев сокриен и јас видов дека ја носи истата ќулафка како и на обредот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ајде, совземи се и да прошетаме уште малку и да се прибираме, оти ако татко види дека нѐ нема, тешко си го нам.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Стоев пред некои грди порти, но, кога подобро погледнав, видов дека не се природни или со зелена боја туку дека се претвораат во будистички храм, хиндуистички столб или мароканска таваница, златните кули се формираа како да ја следев раката на дизајнерот при неговата работа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога виде дека тој уште не сака да ја погледне, му рече: "Тој се покажа кукавица".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И дури другите денови го караше, дури и тепаше што се извалкал многу по реката, та не може да му ги пере парталите, вечерва го покани да вечера веднаш, бидејќи виде дека лебот и сиренцето ги вратил негибнати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Конечно, ја крена главата, погледна во логотетот, и откако виде дека овој, со калем на своето сочинение испишал под првото нешто малума, а под второто такете, рече: „И јас мислам како логотетот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го снемало. Кога се вратил (можело да се види дека беневреците му се влажни на колениците) од отворениот гроб се кревале лилави чадишта и уште нешто - мирис на нагорена волна и на човечка тага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во полусон, не знаев што ми се случува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оваа зима е некако постудена од другите, си помисли кога погледна низ прозорецот и виде дека повторно заврнало снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И го видов во моето видение и него: мал, расклештен, со опашка грозна, влакнест како пајак, во центарот на малата апсида: отстранет, прогонет од небото, од таванот на одајата мрачна, но сепак тука, блиску, како да чека да се врати, како да е привремено тргнат на страна; прогонет од големото, тој чекаше како пајак влакнест во своето мало небо, оти небото на две беше поделено, на големо и мало; си чекаше таму, сам во својата вселена, со тие негови вжарени очи на гревот, страста и блудот; и во тие вжарени очи јас ја видов, во откровението мое, сета историја на светот, вековите со страдања, казни, измачувања, распнувања, убиства и кражби, блудничења и невери, потоци крв и солзи видов поради страсти јавно искажани, поради создавање вселени мали, поради ловот на малите и неспособните во мрежите на големите, силните и отровните; и видов дека и Филозофот гледа, и дека мисли исто што и јас, и дека се обидува да се сети како гласеше последната реченица со која завршуваа претсмртните ливчиња на отец Мида, па се разбравме со поглед и јас реков:
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Одвај втасав, Гоце! - рече жената.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Секој можеше да види дека тие се плашат од сѐ и сешто, а стравот е нешто што секој војник го почитува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И затоа, во мигот кога видов дека попуштам кон него (беше тоа една летна ноќ, на кејот на Вардар во Велес, кога речиси водевме љубов), јас решив да го опоменам, да го навредам, да го оддалечам од мене; и јас ја предадов неговата збирка песни во Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За момент замолчев, но потоа видов дека сѐ е на своето место.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе видите дека било само сон За жал на Бургиба, сепак, ова не беше лош сон, туку реалност со која сепак на крајот се помирил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури кога се поткренав на лакти видов дека е Раде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Против таквите водеше борба власта, и кога виде дека е немоќна, ги организира таканаречените „фарии", авџитабури од самото месно население, им даде оружје и на самите каури да се бранат од арамиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Истрча Толе веднаш на патот и виде дека пушката свршила работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мудрецот кај кого што работел, кога видел дека му нема спас, го ставил во количка и го извадил надвор на улица пред чајџилницата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
ТЕОДОС: Па, видоа дека јас нејќам, толку се умни да кренат раце...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тогаш првпат видов дека виѓавам повеќе од сите други, при очи слепци.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа е обид да се постави невозможна метафора, и потоа да се работи со неа и да се види дека не функционира. Тој е гнил соработник!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога Богдан го загледа поубаво кучето, виде дека е тоа пудлицата од Марија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Добро, добро – попушти Дедо Мраз штом виде дека пречканицава со налудничавково не води никаде – биди што сакаш, викај се како сакаш, па и Нероден Петко, само кажи ми едно: каде се наоѓаме и што се случува со нас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Затоа кога видоа дека Турците идат в село, се им излезе пред очи и почнаа да кршат прсти и да се жалат: – Е, што ќе правиме сега, попче? – го праша ќефалијата попот кој важеше во селото како духовен пастир и најпаметен човек. – Е море, што ќе правиме, Димо!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во исплашеноста, не можеа да видат дека се тоа двајца обични невооружени и распашани војници.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се погледнаа барајќи помош едно од друго и, кога се свртеа, видоа дека имале од што да се исплашат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Значи, овие не се шакуваат, — се замислија кајмакамот и муљазимот и наредија да не се прескака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога дојдовме до водата видов дека двајца партизани ја чуваат за да не се напиеме изморени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но силно се изненадил кога видел дека тој е истиот оној младич што пред неколку години му послужил како модел за ангелот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој потем виде дека не си одам, го остави калемот и рече: „Ќе ти ја раскажам историјата за штичката што говори истории верни.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кате му се придружи откако виде дека не е лут.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога виде дека Грдан не попушта, го сврте листот и почна да му забранува да оди на бавчичката велејќи му дека нема пат за бавчичката и дека не смее да гази низ имотот негов.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Не правете го ова злосторство... Живеев во вашата земја и видов дека луѓето немаат ваква злосторничка душа...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се обидел да ја задржи со насмевка на бескрајни желби. Таков го оставила кога ја затворила вратата зад себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И прв пат виде дека и неговите очи можат да бидат болни и тажни. „Ти си добар човек,“ му рече. „Зошто мислиш дека си зло?“ Ја погледна: сега неговите очи не беа веќе тажни; се смееја, беа голи до дно и разголуваа се околу себе. „Не сум свештеник и не го кршам челото со свети камења пред манастирските олтари.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но кога видоа дека Александар летна со коњот сечејќи го воздухот, сврте како што треба и дојава назад, горделив на својот успех и порадосен од кога било, сите присутни воскликнаа а Филип заплака од радост.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Стефан беснееше, се престоруваше во гуштер одвратен, во молец што ги јаде јаслите сопствени; Пелазгиј веќе сосема побледе и само јас видов дека дланката од десната рака на Писмородецот му се стега под ризата во тупаница.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали поради загреаноста од пишувањето или пак поради нешто друго, му се причини дека студот што го чувствуваше утрово некако намалил и кога погледна низ прозорчето, виде дека надвор почнало да вее снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше најстрашно што во продолжение на целата година пред оној ден, јас, некаде потајно од себе, се ребрев постојано од нешто такво, дека не сакав да се обѕрнам наоколу, само за да не откријам нешто такво, да не ме убие нешто такво, зашто нема ништо покревко од она, кога човек ќе потера кон една страна со сите свои дамари, полетал натаму, нема ништо покревко од него тогаш, кога ќе погледне во своите нозе и кога ќе види дека коренот му е - разјаден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Мајка, останата да го чуе Татко, се виде дека вистински ѝ олесна од неговите зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но кога видел дека внатре нема ништо што да е вредно, од злато или од сребро, се налутил и го џитнал низ прозорецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ондин и јас ги погледнавме сликите и видовме дека куршумот поминал низ две плави и една портокалова Мерлинка. (...) Единствена “андерграунд” работа во врска со американските андерграунд филмови, мислам, во буквална политичка смисла мораше да се криеш од власта, беше таа што во шеесетите постоеше навистина сериозен проблем со цензурата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го кренаа внимателно и видоа дека гледа право долу во аурот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, кога виде дека со ништо не може да ѝ го покори срцето на саканата мома - нареди овој прстен да ѝ се однесе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие од селото се разбегаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Човекот нишна со главата, како да одобрува; се виде дека ме смета за целосно луд.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас не го познавав. Подоцна во разговорот видов дека е наивен, но не ми падна на ум за тоа да го обвинувам, дури напротив, ми беше мило, бидејќи знаев дека всушност се работи за чувства кои во моментот го беа опфатиле.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога чул човекот така, се свртел, ги избројал магарињата и видел дека се осум.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гласот повторно му дојде на Илко, стана, се разврте и виде дека не му доаѓа од дрвото, туку од некоја жена што дошла на гробиштата и плаче на некој гроб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сепак, неговите цимери, секогаш готови и расположени да смислат шега за сметка на неговата наивност во познатите недостатоци, попрестанаа со своите ѓаволштини откако видоа дека тој им е корисен кога треба да им помогне или да им покаже нешто во учењето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Низ долги опити тој виде дека буквата И создава црвена боја па долго иеше врз него, сѐ дури едно утро листенцата не запеаја во јарко црвени гласови.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Вториот ден Ј се разбуди и се изненади кога виде дека е бебе облечено во пижами за возрасна жена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Гредите од куќата почнаа да пукаат, ќерамидите да паѓаат на таванот, но овој не се потпали наеднаш, бидејќи Јордан беше го засипал со земја за да му држи топло зиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Погледа сеир некој саат и друг и кога виде дека Бахтијар има намера да ги опколи сосема четите, им запукаа в грб на аскерите и ги распади долу долот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ударот со токмакот по тилот го фрлил, зазбивтан, крај патот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стана. Го нарами веленцето и без збор појде и не виде дека очекори отаде меѓата што пред неа ја беа испогазиле толпи искорнатици.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го потклепа палечникот, и сам проговори некој и друг збор со Стевана и виде дека Стеван се гордее со своето Кате дека служи кај бегот и оти тој ја има таа „висока чест“ прв да разбира што мисли бегот и што ќе прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми се виде дека и тие се чувствуваат како и јас, ама никој ништо нејќеше да рече. Машки се држевме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Јас сум му ја дал? Како можам јас да му ја дадам, од каде?“ „Ако си му ја дал, ќе знаеш од кого си ја ќердосал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попрво, таа отвора голем број опции: сите оние што се предлагани за совладување на парадоксите на самореферентноста: металингвистичкиот став, јазовите помеѓу вистинитосните вредности, диалетеизмот, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така гледајќи, виде дека е селанец во селска кошула облечен, со бели гаќи и чорапи, а кога погледна поостро, го позна и човекот. Никој друг — туку овчарот Ристе Богоев.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Мишко му беше жал. Почека уште малку и кога виде дека врапчето не се враќа си седна до печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога видоа дека се беспомошни се повлекоа од врвицата, загазија во сувата трева и молкнаа, можеби читајќи му во себе на непознатиот оченаш. „Го гледаш ли ова?“ Отец Симеон му ја покажа здравата рака на која беше истетовирано срце.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И по некој ден ќе видиш дека на клупата има едно празно место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пол се обиде да ги убеди дека сето тоа ќе биде надвор од камерата, но видовме дека сѐ пропадна...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но ако тапчото е за еден степен поумен, момчето би размислувало вака: ’Овој виде дека првиот пат кажав непар, па вториот пат инстинктивно ќе направи проста промена од непар во пар, како што играше првиот тапчо; но кога ќе подразмисли, ќе сфати дека тоа е премногу проста промена и конечно ќе реши да игра со пар, како и претходно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но штом влезе во куќата, се виде дека има други планови и дека не дошол за нешто без да извлече корист.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што ако утре во кафето „Аквариус” се бапне оној Тодор и ако сите видат дека и не е баш толку долг а и дека коските не му се остеопорозни?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Затоа, пак, Брчалото го кацна својот поглед токму врз него и откако пoчека и виде дека старчето е толку ситно што од двете страни на столот може да седне уште по едно дете, му се приближи, се фати за навалката и му рече на деда Танчета: "Гет ап ти одовде јас да седнам!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа мисла ме направи да летам од радост, небаре конечно сум дознала за која среда станува збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На вториот спрат од зградата којашто на Александар многу му се допаѓаше и понекогаш дури и со отворени очи сонуваше дека живее во неа како господин без обврски (еднаш му се кажа сон во кој што седи на белата мермерна ограда со гардистката, се држат за раце, неа до рамења и пораснала долга руса коса, наместо во зелена маскирна маица и црни вреќести панталони со џепови облечена е во бело кратко фустанче, и двајцата се смеат... се разбуди кога виде дека нежните црни чорапи од нејзините бутови, преку колената полека се спуштаат во извалканите војнички чизми) - беше сместена градската радио станица.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ја откочи, ја отвори- имаше што да види:внимателно го повлече затворачот назад за да него исфрли фишекот на земја, но затворачот не само што не извлече фишек туку ефрејторот виде дека пушката на Шишмана е наполно празна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас го добришав и последното огледало, и во него видов дека Рајнер стои зад мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе донесе Доксим Тренчески катран и ние ќе ги измачкаме вратите, добиците а кога ќе видиме дека катранот не помага, почнуваме да се варосуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа направи еден чекор кон неа и ја прегрна, а нејзините раце направија едвај видливо движење, како да се обидуваше да го возврати прегрнувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Косата ѝ падна врз челото и јас посакав да ѝ поткренам, како што тоа сум го видел дека го прават во љубовните филмови, ама никако не можев да ја помрднам раката - толку тешка ми беше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Што ми фали пак мене? - Ништо, ама не знам зошто сте вие машките такви, кога некој ви се допаѓа, не го кажувате тоа отворено, јасно и гласно, туку сѐ нешто изведувате – реков и во тој миг се сетив на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можело и од подалеку да се види дека е погрд од својата вчерашна грдост, онаков - ненаспан и недоверлив, повеќе со намера да предизвикува отколку да заштитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но виде дека дедот поп рече домаќински и право е да му даде три лири кога веќе така евтино помина кај Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Впечатокот што мора да ѝ го оставил го измачуваше со денови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога лисичињата видоа дека од зајачињата не им се заканува никаква опасност, почнаа да ги молат: - Останете да си играме, викаа во еден глас.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И тогаш видов дека не е слепа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Да знаеше да брои, ќе видеше дека не сум го прескокнал.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И уште тука се виде дека четворицата ортаци што го нападија Турчинот не јадат леб на една софра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас се штрекнав и видов дека колоната пред мене ја нема.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Корисниците исто така би можеле многу полесно да ја увидат разликата помеѓу супстанцата која се смета за прилично безопасна и останатите дроги од кои државата и понатаму се обидува да ги лиши.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се искачија до дувалото и видоа дека чадот навистина го нема.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ама, што можев. Бев немоќна да изреагирам така скриена во грмушките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бела видел дека има заглавен куршум во пиштолот, а таа му рекла дека куршумот не се вади и дека така стои уште од времето на татко ѝ.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ти сигурно виде дека болницата е полна со такви“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не мислете на чадот и ќе видите дека ќе ви е подобро.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со други зборови, како што Хигинс забележа (Postface, стр.61), опасност нема.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Кога пиеше и кога пееше не повика никого да ти ја чува пушката“, се замеша Никола Влашки а јас можев да видам дека и самиот е обземен од гнев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И видов дека сѐ што се кажуваше за одајата во описот од ливчињата на отец Мида, верно било, оти видов: одаја пространа, темна сосем, со среде на неа, што среде на светот беше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Е, тогаш, родот Кочов видел дека може да ја искористи ситуацијата и нешто да стори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога врските меѓу нив зацврснаа, кога видоа дека еден на друг си требаат, таа му предложи да стапат во брак, да се земат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајка му се смешкаше, но кога еднаш наѕирна во садот во кој ги чуваше колачињата, виде дека се тие преполовени.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Веднаш се виде дека е тешка жена, уште првиот ден кога заедно ручавме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Веднаш се виде дека Х.Х. беше обземен од стариот немир.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога видел дека нема ни скршена паричка, го пуштил.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Стоеше сама на патот, како заслепена утка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па кога виде дека Стрела, на нормален кучешки начин, без некоја видлива вознемиреност, го душка воздухот, Бојан полека појде кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Илко пуфкаше со лулата како вовче и продолжуваше: - И кај газдата во Суматра кај кого работев во рудниците на дијаманти видов дека богатството е ништо...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го сетија тоа и Трајко и Велика и се израдуваа дека изгубеното Ѓеле, ќе си го надоместат со Толето Ристовско преку ќерка си Анѓа. – Ај син, ај зет – се тешеа старите кога видоа дека и децата се гледаат како ерген и мома, а не како брат и сестра.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но брзо се увери дека не е шега кога виде дека сите тројца играчи ги зедоа поделените гравчиња и толку динарчиња ставија во влогот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мама ме погледна и кога виде дека ја слушам внимателно, продолжи да ми раскажува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дури тогаш станав; погледнав кон кругот и видов дека и Ина гледа со љубопитство кон нас двајцата, проценувајќи кој од нас е Јан Лудвик, лудакот без мерка; за да се декларирам, ѝ испратив еден бакнеж од устата со рака во воздухот; таа се закикоте, ми возврати на ист начин, возврати и сестра ѝ, и јас и Земанек излеговме од шаторот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Занесен од својот глас, Еразмо случајно се сврте и виде дека до него веќе го немаше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во својата радиограма Едмондс ќе истакне дека британските воени мисии биле постојано набљудувани од членовите на ЕАМ-ЕЛАС и на КПГ бидејќи “луѓето кои ќе се видат дека разговараат со членовите на сојузничките воени мисии или ги посетуваат нив се задржуваат и испрашуваат за причината на нивната посета или за што тие разговарале и повремено се апсат или некои протестираат и се затвораат на една или две недели“.329
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Уште повеќе, сега можеме да видиме дека тие не биле одвоени едни од други; имале смисла единствено заедно, како манифестации на истиот комплекс на моќ, истата светска структура на моќ, која го одржуваше сопствениот кредибилитет сé додека структурата остануваше недопрена, но овие „очевидни вистини” не можеа да го преживеат крахот на комплетната структура на моќта.7 Бауман е пример на историчар кој ја увидел вредноста на новите теориски движења и можните импликации на плурализмот врз начините на разбирање на современиот свет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А кога ти ми ја даде утринава штичката со буквите на јазикот твој, видов дека од буква до буква, топлината и светлината на секој знак се совпаѓа со записот од мојата штичка; еднакво собитие запишано беше и ваму и таму.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Под тремчето седеа тројцата луѓе како што ги остави дедот Волче, но кога видоа дека преку двор идат три четворица тие станаа од столчињата и едниот тргна преку двор кон овие што идеа, а двајцата го фатија ќошот од Волчевата куќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Уште малку, уште малку! Побрзо! Побрзо!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Хелвиг очекуваше дека тоа ќе ја орасположи Марша. Но по нејзиниот израз на лицето виде дека не е така...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во почетокот и другарите и воспитувачите во интернатот бараа да се испише од интернатот зашто ги обеспокојуваше, го мразеа, но подоцна го засакаа, зашто видоа дека Богуле навистина не беше агресивен и лош; имаше нежна, питома душа. XXIV На Мил, оној брмчеж на пчелата што се отепа на прозорецот од лабораторијата, како да му остана во главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Девојката од пред малку донесе чаши и ги остави на масата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неколку дена заедно сновеа, заедно пееја. заедно мечтаеја и борбени песни пееја за Македонија, ама остана лути многу разочаран кога виде дека командата на македонската војска од вардарско одби да ги прими младите Костурчани кои масовно сакаа да ѝ се приклучат и се чудеше и се прашуваше и себе си и другите зошто некој не сака да се направи една македонска војска?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тие не се пакосни, ама можат да станат опасни до колку видат дека се смееш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога тргнавме од Рибарци преку Мрзен и Орловец, видов дека во секое село има добро организирани определени луѓе – водачи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не морав веќе да се кријам, па се приближив и видов дека даската е светлокафеава, мазна и светкава, како премачкана со лак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но се виде дека бегот сака да си го осигура неговото Кате и предложи да му го наметне на Толета баш него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коџабашијата тоа го одгатнал вака: — Турците видоа дека од осум куќи село купија седумдесет волови. Значи селово е богато!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури, штом виде дека работата напредна, и неговата волја порасна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Веднаш виде дека телефонските броеви во земјата, како што можеше и да очекува, беа поделени по градови и сфати дека сепак ќе мора да го купи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не паметам дали некогаш сум го слушнала Саше да плаче. А пак така, никогаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Е, но на топката не е нацртано моето куче Роско и јас сега не знам каде е тоа - во Америка, во Индија, или во некоја улица на градот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Со леснотија здивнавме кога видовме дека стигнаа првите санитетски коли и застанаа пред салата за приредби, сега преадаптирана во сала за сегрегација. Сите живнаа, го снема немирот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Му се приближив и видов дека солза му тече од окото кон муцката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А после, кога виде дека самјакот продолжил понатаму, знаеше дека повеќе ни еднаш нема да го настигне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првиот ден Ј се разбуди со силна болка во рацете и нозете. Се зачуди кога виде дека на себе има розеви бебешки пижами што силно ја стегаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога виде дека Крчо заради неа ја остави татковата куќа и се пресели кај сестра си, уште толку го засака и се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едно утро видов дека Цецилија ги има отворено ширум прозорците – беше едно од оние ретки утра во тоа лето кога дуваше ветре - и завесите излегуваа надвор, како бели крилја се пружаа кон улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Куќарчето веќе го изрешетаа заптиите на кои им се придружија и сите Турци што имаа оружје; слободно можеа да ги видат дека се само двајца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војничето виде дека Мајка влегува во шемата на инструкцијата и, пред да го постави предвиденото прашање, уште еднаш погледна во паспортот па, подавајќи ѝ го на смирената Мајка, ѝ рече: – Те разбирам, те разбирам, Мајко, ама не можам да разберам зошто си ја напушташ татковината предвреме кога таму, преку границата, толку многу си страдала!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еве да видиш дека царската рака е долга и никој од неа не може да куртули.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но како од страв, да не ме сетат кодоши не смеев да се јавам на Имотот, а како кај вас уште оттаму, од брдото, (од Зедница) видов дека свети, и како сте вие прва куќа после Имотот, решив кај вас да се јавам и вам да ви го оставам и коњов и чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега, неколку секунди по будењето, виде дека неговите нозе се движат и дека тие така сами се движеле додека спиел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се изненадив кога видов дека е малку понизок од тетка ми, со многу влакнести раце, темен тен и густи црни брада и мустаќи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но кога виде дека умира завеана, смрзната во снегот, се довлечка до куќичката на Буба и со слаб глас повика: - Помош, помогнете ми...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Некои чичковци дојдоа сабајле и ги поправија лулашките! - викнав насмеано.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Марија виде дека човекот до неа сам се врзува, со колан, престрашено ги отвори очите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, кога влегоа во големата соба со многу столчиња и масички, и кога сите деца седнаа на своето столче, се виде дека за Зоки нема празно место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дури откога плати, дури кога виде дека тоа биле всушност сѐ на сѐ некаде околу триесет долари, се поврати.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш видов дека од далеку кон мене трча камила.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Александар виде дека заканите се залудни, коњот не обрнува внимание на нив, ами сака само да трча, веднаш му ги отпушти уздите, го спотна уште посилно, викајќи и удирајќи го со нозете.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Да – свикав и потскокнав од радост, се занишав малку, се уплашив кога видов дека сме веќе високо над градот и дека можам да паднам, па се сетив оти Игбал ми кажа дека од летачки килим не може да се падне и си дозволив уште еднаш да скокнам од радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Софроние му се поклони дури додолу до земјата, а кога се исправи, виде дека султанот со рака го повикува кај себе и му покажува место кај да седне - на килимот веднаш спроти него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога виде дека ја нема, ја тргна Ане за раката, таа што не беше мрсулава, ѝ ја викна да дојде кај нив во дворот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја погледнав прашално и видов дека нејзиниот поглед веќе го бараше мојот со необична смиреност и самоувереност што ме стаписа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Не,“ му противречев, иако видов дека во себе и самиот си противречи, „сѐ повикува на живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Погледнав кон џипот; внатре, телото на Фискултурецот го притискаше телото на Луција; таа се бранеше (така барем мислам, но во ништо веќе не сум сигурен); јас зедов еден камен, го фрлив на покривот од џипот, а Фискултурецот се сепна; се сврте нагло кон грмушката, и јас видов дека на главата имаше маска; црна маска, бабарска, со четири дупки, за очите, устата и носот, четири дупки за три сетила; само очите му се гледаа, едното зелено, другото сино, и устата, и носот (дали го видов и тоа, или моите растроени нерви од ракијата и жегата ја произведоа и таа слика?); Викна: „Кој има таму“, а јас фрлив уште еден камен, и отстрана му го погодив фарот, и тој пукна, сол се стори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога виде дека никогаш не ќе може да ја напише оваа историја и во проектот му останаа големи неиспишани празнини, во неговиот живот и книги, стапи Климент Камилски со своите книги и илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога стигнав таму и кога видов дека татко ти ништо не направил со ракијата, многу време се задржав за да подготвам уште еден казан.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога ќе видат дека сè е попусто,се оптегнуваат под сенките од дрвјата и долго ги бришат спотнатите вратови.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тогаш на таа снимка се виде дека имаш нешто на плеврата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нејзините студени и бистри води избликнуваат од два железни дулци, соѕидана е од бетон и камен, на средината оставена е камарка за чување на тасот, врзан со синџир.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во разговорот, во кој ни е вткаено подалечното вчера, му кажав на поп Стерјо дека бевме во селото Ошени - Инои и таму видовме дека има гимназија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој не ни видел дека се стемнило оти право пред него беше полната месечина, влегуваше низ тесното прозорче и со некој отсјај на наврнатиот снег, кој само го насетуваше овде во собава, некако пригушено, а сепак јасно му ги осветлуваше зборовите што ги напишал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пеце се погледна со децата. Виде дека ниедно од нив не сака да биде дете на најгазда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пак се склопчал на своето сиротинско легло многу потешко поднесувајќи ја предмугрената свежест буден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По самото негово држење видоа дека знае, но не сака да каже, затоа мудурот му намигна на јузбашијата и му проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па зарем нели виде дека секоја победа е Пирова? и дека ѕвер – сиров е веков Сиде?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Видов дека и другите се по влечки, па чекав проблемот сам да се разреши додека сите тргнавме еден по друг кон вратата од која дента мистериозно исчезнуваа и се појавуваа моите братучеди носејќи тенџериња и садови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми се чинеше, да имаше вода и кај непријателот, дури и да знаев дека ќе ме убијат, ќе одев да се напијам, а потоа нека се случеше што сака.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се приближи до креветот, седна до мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајката по изразот на лицето виде дека Невенче е среќна.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога видоа дека му е трештена главата, отидоа кај началникот и му рекоа: „Луд е, господине, не знае што зборува...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Поп Петко не можеше да се додржи. Виде дека Крсте навистина го остави и тргна со Ганчовци, ја наведе главата и киниса Горно маало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петра се врати во подрумчето. Откако виде дека во нивното одајче нема никого, прескокна до кај Чана и нејзината мајка Митра.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пред да ми сврти грб видов дека на работ на едната усна е размачкана со чоколадо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека стоеше, прифаќајќи го она предизвикување, размислувајќи уште оти растојанието е преголемо за него, тој виде дека мечката нема време да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓу селаните настава џагор. Им се виде дека изборот на дедот поп е одличен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но појдовната точка на Duchamp за неговата „Велска вода“ - „Темјанушкината вода“ (Eau de Violette) -уште повеќе ја збогатува играта со зборови. 92 Алхемичарите ѕвездите што паѓаат ги нарекувале “небески цветови”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Видов дека ситуацијата со ранетите е многу лоша. Приближно триесет многу тешко ранети. Условите многу примитивни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На ѕидот од театарот некој со јаглен имаше испишано еден стих од Пиндар: „Човекот е сон на една сенка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во мракот одвај можеа да ги забележат своите лица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа видовме дека ја удрија и неа: ја ошеврати главата и ги заврте белките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видоа дека тој миг можам и со смртта да сум среќна и ме послушаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога тргна по неа, Винстон виде дека се наоѓаат на една природна чистинка, едно мало тревнато ритче опколено од високи млади дрвја кои целосно го затвораа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доста беше да ги прекрие со рака, па да види дека без нив катчето како да се развеселува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Може ти е чудно што брзам волку, ама ќе видиш дека сум имал право.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога виде дека не може да го убеди Зајачето, се тргна настрана, но не си отиде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Андон провери и виде дека многу навлегле, а жицата од мадемот престанала, та му рефериса на Ѓузепо и овој дојде да се увери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку и да се основани сите наведени приговори на нашите противници против општоста на Македонските Словени и нивната припадност кон една самостојна словенска целина, пак ми се чини дека можат да им се направат и не помалечки контраприговори, од кои ќе се види дека националното самосознание и преродба на Македонските Словени е нешто многу обично и разбирливо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во еден од тие самотни зимски денови, ме стресе звукот на ѕвончето на вратата – толку долго никој немаше заѕвонето на него, што имав заборавено дека постои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Божем таков маж, а не виде дека лажам божем умна а не знаев да ти кажам дека ноќе се галам со морската пена дека иста како сите сум. Во тело на девојче заробена жена. 52 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тулио Бути инстинктивно сакаше да се повлече кога виде дека таа, седнувајќи, погледна накај прозорецот, но помисли дека не би можела да го види оти беше во темнина и остана крај прозорецот да присуствува на вечерата од ова семејство, заборавајќи на својата. Оттогаш секоја приквечерина, по излегувањето од канцеларијата, наместо да тргне во вообичаената, самотничка прошетка, се упатуваше право дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзината сосетка на седиштето беше таинствена. „- Каде сме?“ - праша Марија. „-Стигнавме“ - ѝ одговори жената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Хм, си пристори Едо и виде дека е тоа телефонски именик на Сан Диего во Соединетите американски држави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од цртежов може да се види дека татко ми е една таква суета од човек, што ако му речеш дека нешто не прави како што треба, навистина ќе направи сѐ како што не треба, за да докаже дека можело и полошо да биде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Влегов во зградата, се качив на спратот, заѕвонив на вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите три ја испратија до излезната врата. * * * Кога виде дека е во подобра здравствена состојба, лекарот ѝ даде на Марија да прочита нешто популарно за идеологијата на национализмот и германскиот нацизам.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Луѓето ги размрдаа нозете, ги оптегнаа глезните и видоа дека ќе можат да се движат во колона по двајца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Видов дека тегетните тренерки што ги носеше го правеа уште поблед.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се виде дека човекот не е од сојот на газдата на арабаџиите, се гледа дека е еснаф човекот му дошепна Афз Б. на Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога подобро ја завлеков раката во темното, видов дека е тоа лимена кутија, правоаголна, добро затворена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ден, по првото копање со компресорот, откога видов дека работата тргнува, по толку месеци, првпат отидов во Монастир да се потстрижам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не, подобро е да не гледам“,  си помисли и одеше со затворени очи и, кога ги отвори за да види дали е блиску до крајот на плоштадот, наеднаш виде дека пред него, речиси пред нос му стојат некакви луѓе со мустаќи, а какви имено, тоа не можеше да ги распознае.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите видовме дека Филозофот е поразен, дека нема веќе што да каже.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А оној Чичо, татко ти, туку нѐ гони кога ќе нѐ види дека ги решаваме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога го допрев со дланката на челото, видов дека гори.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Откога виде дека нема никој, се искачи горе по скалите и ги спушти чергите на подот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Затоа околу полноќ појде кон далечната перифериска двокатница и виде дека облаците беа спуштени над неговото теме сосем ниско.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Логотетот нема да биде задоволен кога ќе види дека клуч за страшното пророштво воопшто нема.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога правта се стаи, виде дека таа е единствениот човек што слегол од автобусот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, бескрајни се и премногу тажни тие приказни, - се замисли татко ми и видов дека страшно се онерасположи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Иако се наоѓаше три или четири метри далеку од него, можеше да види дека кафезот е поделен по должината во два оддела, и дека во секој од нив има по едно суштество. Тоа беа стаорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, во тоа свое прогледување и ослободување тој исто така виде дека ваквиот избор е најтешкиот за луѓето и дека луѓето најчесто и најжестоко се борат не за духовното, туку напротив, за материјалното.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Претходно видовме дека бројот на месеци за кои се исплатува овој надоместок веќе беше намален двапати, во 1993 и 1997 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Друго богатство не ме интересира, зашто видов дека е тоа ништо...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Видов дека фустанот, онака лесен, беше се слизнал од коленото надолу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Отворајќи ги очите (можеби веќе врескаше) виде дека се раздвоиле. Сега навистина вресна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кога ќе видев дека детето почнува да ме влече надвор кон излезот анаев дека за тој ден неможам да си дозволам повеќе да останам во музејот .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Отворајќи ги пошироко кориците Милчо виде дека книгата се вика „Прва љубов“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
— Во последното издишување се сети дека и син му Велјан е во тие што одеа по него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во еден миг се свртив и видов дека вратата е подотворена и во неа, неодлучно дали да влезе, стоеше мачето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Броев и видов дека двапати го спомна, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А видов, не да не видов дека секогаш доаѓа со чанта со книги.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А и сам Симиќ, кога виде дека му завршија лагите и молбите и клетвите, се заплати и чекаше да чуе каква казна ќе му биде одредена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека си го бара омиленото шеширче, на радиото кажуваат дека снемало гориво на бензинските пумпи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Споредувајќи ги откриените податоци, виде дека близначињата родени во Нови Сад по три дена се префрлени во Домот за посвојување во Звечанска улица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Убаво се виде дека човекот се помоча в панталони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
10. Најпосле остана Толе сам да „пашува“ по неговиот „пашалук“ — старо Мариово, со своите арамии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ханка насети движење во дворот, набрзина стана, се приближи до прозорецот и се насмевна кога виде дека стариот пес, што заеднички го хранеа со комшијата Боро Симески, уморен се прибира во дворот и се свиткува крај коренот на кајсијата за да ја мине ноќта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Погледна преку прозорецот и виде дека светлината доаѓа одгоре, од небото, како да се запалени илјадници и илјадници ханукии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само кога сосема се приближив до неа и кога двете радосно се гушнавме и се изнабацувавме по неколкупати во образ, како што тоа го прават французите, видов дека годините сепак работеле на нејзиното лице и мрежа од ситни бори ги урамуваше нејзините очи, а и челото беше изгравирано со неколку попречни бори.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можеби почувствувал грижа на совеста, видел дека гнасна работа направил - и се обесил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тогаш за прв пат видов дека рефлектирачките очила се хируршки вградени, среброто мазно се креваше од високите јагодици, затворајќи ги очите во нивните дупки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
По оваа размисла за идеалистичкиот подвиг на Камилски и кога виде дека ништо не може да промени, освен да појде во Клиниката и да најде изговор за одложување на операцијата за други времиња, Сотир Пасакли со сосем друг тон му се обрати на својот некогашен професор, кога слегоа во холот на хотелот: Јас, почитуван професоре, имам, на крајот на краиштата, и разбирање за Вашата постапка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се поделија видоа дека страшно згрешиле.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога влеговме во наредните дваесет дена и кога видовме дека не доаѓаат камиони за да не земат, овде-онде почна да се слуша липање, главно плачење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ирвинг беше еден од првите кои Иван ги донесе во моето ателје, и секако, кога ги виде моите слики, умре од смеа, но веќе следната година се врати, бидејќи виде дека Кастели го презема Лихтенштајн , и ми понуди изложба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прво ги снема сите подвижни и неподвижни фигури што во текот на ноќта му се причинуваа и виде дека ридот под нив е гол сѐ до подножјето каде што почнуваа лозјата и бавчите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа го спушти пак окото на клучалката и кога виде дека Бонети се повлекува, почна да вика: Отвори! и да тропа со тупаници на вратата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ти само мисли си дека е така – реков – ама размисли малку и ќе видиш дека не си во право.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Добра вечер, дедо Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше добро и што отиде кај Претседателот, што виде дека тој со таа вар, што ја чекавте вие цела утрина, и што ја штедевте, бидејќи ви беше пред крај, ги дотеруваше ѕидовите, и дека неколку мајстори од твојата бригада работе тука, без да ти го знаеш тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Чекај. Онисифор Мечкојад е злодеј зашто отиде со исечена жила на челото, затоа, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му ја подадов назад, оти мачно ми беше на душата, и тој ја зеде; погледнав во своите раце и видов дека се извалкани од јаглен и саѓи; срам безмерна ме обзеде, и јас гледав тој да не види, па рацете незабележано ги истрив од црната риза, додека тој вљубено ја вртеше штичката во своите раце и гледаше во непознатите редови со ино писмо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ме разбравте. Не бараше тој овца да заколам туку јас самиот тоа го мислев кога видов дека е ковче и кожа.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе зачкрташе некоја од голите гранки на дрвото, на Богдана ќе му се пристореше како да е тоа глас на птица, како да се вратила: вртеше со очите нагоре, ја бараше, сѐ дури не виде дека тоа сувата гранка чкртајќи испушта глас како на птица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шарко, Мрчо, Караманка, како секогаш, одеа пред овци да проверат да не има некој од волчковци да дебне во честарот, та така и денеска тие први излегоа по пресопта и дедот Јован ги слушна сите три гласа одеднаш кога залааја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја беше наведнал главата и чекаше. Ама, кога ја крена, виде дека игуменот се откажал од тоа и сега беше задреман врз една од тешките манастирски книги, што ја држеше на колената, Се тргна, ја затвори книгата и ја баци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но добро е што ги нема, оти ако видат дека јадеш, ќе те натераат да повратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ова е , жими се, шумата на четирите годишни времиња. – Рече Пишпирик. – Ние сме сега пред нејзиниот есенски дел, долг шеесет минути.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Видов дека овој пат си донела книги, рече едно време тој. Да, реков јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ме освести еден далечен глас: Милка, Милка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Видовме дека Сарафов ги помогнал материјално гемиџиите, меѓутоа, помошта што им ја дал Гоце Делев била значително поголема и поразновидна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Скрцнаа прешлените на вратот и се одвоија еден од друг, и кога Трајко го исправи да го грабне за гркланот, виде дека нема потреба да го прави тој замет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разгледувајќи го, виде дека тоа е слично на она цвеќе што го имаше видено во книгите за вулканите: вулканско цвеќе кое расте кај вулканите и кое се јавува пред да избувнат тие.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Х.Х. откако виде дека нема ништо позначајно да кажам со што би го започнал новиот работен ден ми ја покажа салата за појадок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потем, тој пак стана, набрзина открши уште еден залак леб и на минување низ претсобјето виде дека сега торбата за в чаршија беше пуштена на теписонот пред закачалката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Климент Камилски не знаеше како да ѝ се заблагодари за одличната тава имам бајалди, не можеше да најде вистински зборови, сакаше во мигот да ѝ бакне рака на Мајка по втор пат дента, но виде дека тоа не оди, па мигум се откажа и ѝ рече воодушевено: Одлична Ви беше тавата имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не, јас веќе никому не ќе пуштам крв, рекол со напнат глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Притрчаа луѓето, послугата од барот, почнаа да го тријат, да му укажуваат помош, но кога видоа дека не помага, со кола го префрлија во болницата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По нецел час јас веќе можев да стојам на нозе; се исправив и видов дека додека јас сум бил во мојата светлина и со неа, Земанек и другарите ме пренесле во самиот археолошки локалитет, под едно импровизирано тремче кое си го направиле археолозите да ги штити од сонцето; ме легнале на едно полско креветче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира, го заборави изгледот на куќата и се приближи кон влезната врата и виде дека некрологот објавува „шестмесечен помен“ од смртта на „драгиот и незаборавен сопруг Едо Бранов!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Утре ќе видиме дека сеното ни е разнесено, плодовите се соборени, снопјето разнесени...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Погледнав на часовникот и видов дека е време да одам на перонот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Крвавата маска на убиениот убиец не била видена ни во ноќна треска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ко ки виде дека устанау, зајно ки си доат! Така да знјш! и пак заминува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дури видов дека тоа малку болеше, па одеднаш се преврте: стана онаа што ја убиваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
После видов дека држи пороже и води натоварено магаре на кое качено, завиткано во гуна, јаваше едно дете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Не туку фолирај, мислиш дека не видов дека ти се допаѓа? – му свикав на шега. – Не била лоша! Море, авион е за тебе!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако виде дека не отвараме, почна да чука со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Всушност, сличноста помеѓу двете ситуации е поблиска отколку кај некоја едноставна површинска аналогија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По некое време слушнав веќе оддалеку дека тече вода и се израдував дека ќе се напијам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
— Море ми, лели пусти свети Јовани беме, Толе, дали не му грешиме на господ ноќеска, — небарем се покаја Миша кога се осамна утрото и кога се виде дека лежи на Толевата десна рака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој, научен да се клања на големците што влегуваа, а да не му се клањаат, се збуни малку, но виде дека другар му е јабанџија, па го праша што сака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Буквално доаѓаше од секое радио и стан и бар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од колата видов дека сликата на пределот се мени.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сите почнаа да викаат по мене: Милка, враќај се, каде одиш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога видов дека нема никој околу мене, почнав да се враќам, но опинците ме издадоа – еден чекор напред – два назад и така последна отстапував.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не ги носам за да видат дека неможеш веќе ништо да им сториш, туку заради оној обичај што го имавме во Пансионот: кога ни умре нашиот другар од послугата, и кучињата ги поведовме на погребот: и тие да му оддадат почит...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Те доведов ваму сам да видиш дека ѕвездата не може да се фати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Еден ден видов дека некоја друга Ангела како ја бутка количка од која ми се смешкаше девојченцето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А Кузе, кој стоеше на прагот, кога виде дека ја снема во темното сокаче што свртуваше лево, погледна на сите страни и тогаш со десната удри на лактот на левата рака и полугласно рече: - Е, на, шо ќе ме стрељаш, натемате...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури кога виделе дека ќе умре, му ја покажале и го прашале што да правата со неа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Поседа, го извади и виде дека не е грешка: Илко имаше температура над критичната граница.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Што и да го свртело броилото за замрсеноста на неговото битие за да го отфрли сивиот превез врз светот, сега тоа го направи потребното приспособување, така што, кога погледна околу себе, се зачуди кога виде дека околната замагленост се стопила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Видов дека сѐ е уталожено и се исправив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден наш роднина во градот порача кафе и кога виде дека нема кајмак, му се пожали на келнерот, а тој, пезевенкот, се врати во кујната и во филџанот плукна неколкупати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога најпосле и последната пара ја фрлив, кога виде дека нема веќе ништо во чантата, се згрчи, се фати за градите, офна и се струполи на подот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во тој момент онбашијата го клоцна со ногата по стомакот така силно, што дедот Јован офна, се фати за стомак, се свитка и легна на тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Нема кој Друг. Арамиите имаат пушки, стрелаат.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— „Ами чаре?“ — повикале селаните. — Чарето тоа е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тој продолжи: „Освен тоа, ти виде, нели? Виде дека тој знаеше како треба да се намести клучот во клучалницата за да се заклучи одајата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе видиш дека ќе им се допадне на твоите другарчиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пишувал долго и пишувал многу, сфати сега, оти пред него имаше само еден празен лист, за последните зборови на писмото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред да му се стемни, пред до клепки да потоне во поплавата на безумноста видел дека небото над него е мртво око на закланата вселена и видел во тоа око блескав цвет од лилава и бакарна и зелена светлост, за да му покаже во што да го забуцал ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога утредента се соблече да се бричи, на чешмата во дворот, Грдан виде дека по вратот е сиот во модрини големи како модри сливи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога мама виде дека неможе да го спречи да оди силно го гушна и му рече - Те молам сине пази се, биди внимателен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дури тогаш видов дека сите од црнечкото село оделе по мене и виделе што стана со крокодилот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Свртеа еден круг околу куќата во која живеев, некој фрли и со камен по прозорецот од собата, стаклото се скрши, и јас видов дека Луција избега, дека побрза пред редот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таквите уште си мислат Дека е најважно што си каснал пред спиење Па откако ќе видат дека од кркање не се прават сонови Се отепуваат пиејќи апчиња за спиење и против запек Пред тоа одат и на фитнес и на тенис Ама од тоа не се крепи ни сон ни пенис
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Сѐ, што му остануваше, беше тоа да фрли уште еднаш, а после кога виде дека ѓаволски не погодил, можеше уште да го донаправи оној свој започнат чекор и да се засолне зад дебелото стебло на чамот до себе, и уште веднаш се покажа дека беше последниот миг за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
(...) Во јуни 64., Стоунси дојдоа да свират по некои американски градови, но турнејата на крај заврши како вистинска катастрофа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Толе мртка, кршка, виде дека Адем не ја вика Ката на кулата, та остана некоја недела и друга со неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но откако се расчу низ селото за овие нивни врски, Профим виде дека нема каде и попуши; рече: „Нека одат по ѓаволите, нека прават што сакаат“ и ја исфрли од дома без свадба, без ништо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да беше ден исто така можеше да се види дека сликата е од едно четиринаесетгодишно дете, босо и облечено во измаслени работнички алишта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Откако виде дека Метакот не е криминалец и не поседува џаначки реквизити, џандарот си го врати пиштолот на место и запали цигара.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дуријата му останала залепена за десната шепа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така секој со секого се клеветевме и се виде дека од човекот немало поголем нечовек...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го виде дека прави пауза, и таа приседна. - Како оди?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Останавме стрештени. Јас бев најнеутешен, оти во мигот кога Филозофот излегуваше од одајата, видов дека веќе не виѓавам: облакот светлина околу отец Кирил Филозоф го немаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Им мавна со раката да одат подесно, оти од оваа позиција виде дека стрмнината таму е поблага.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се освести ибн Пајко од замрсените мисли дури кога виде дека Калија станала од леглото, забележувајќи дека тој седи замислен во темното.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога на Пајк (не изговарајте Пик, Пок или Пук) и на Косуги им кажав за индијанското племе Cree од Саскачеван, Пајк праша: Дали се тие како нас?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Добредошле“, рече со туѓ глас и виде дека се гледа од мало тркалезно стакло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога видел дека ништо не помага, се разочарал, се јадосал, му се одмилил животот и во моменти на криза и очајание - си го одзел животот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од каде се створија сам господ знае, ама набрзо се виде дека се права претходница на една друга глутница, ама сега војска, аскер и јаничари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јована го штрекна бодеж в срце и си помисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако уште на погребот видов дека не се труди да прикрие дека не е верник, па дури и дека не се плаши од тоа да биде некому трн во око со тоа што не носи црнина, сепак помислив дека решила да остане подолго за да го испочитува редот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Викнаа лекар и тој се зачуди кога виде дека кај неа настапило тровање од пушење.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Па, драги деца, ако се возите во некој од црвените градски автобуси и ако видите дека некое дете седи до шоферот, знајте дека тоа е Цане.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неочекувано мајката се сврти и, кога виде дека тој уште е тука, овој забележливо му се поклони.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој изненадено се сврти и виде дека таа, згора на тоа, уште и однатре ја затвори вратата од детската соба.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Среќа наша што наишол вечерта во Маврово, видел дека куќата ни е осветлена, па наминал да нѐ поздрави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зашто си збор и зашто зборот не е живот па затоа и трае, му одговори каменот, се прегрнаа и видоа дека нема болка во неизбежното.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Како некаков почеток можеме да видиме дека пазарот за следниот Божиќ ќе бара тимови лингвисти, психолошки добро школувани писатели и луѓе, коишто можат да доловат посебни ефекти за развивање на новиот модуларен јазик, којшто се заснова врз „меми“, сајберноти, што меѓу себе ги поврзуваат зборовите, иконите и структурите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога виде дека не стрелаа на неа, се поткрена, ја отсурми и ја отвори едната пола та излезе на уличето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се приближив до тебе видов дека си многу блед.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ја отворив вратата и видов дека сè беше изменето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А ибн Пајко, иако виде дека нема враќање, одвај рече: „Имам ниет да изградам една џамија, во слава на Алаха и на падишахот, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Даниел погледна во сонцето и виде дека нејзината сенка, поради позицијата на сонцето, не паѓа на ѕидот, туку е паралелна со него, и тогаш рече, „Добро може да дојдеш поблиску?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас отидов нагоре. Се качував ваму. Видов дека сум ранет...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога вратата од лифтот се отвори, видов дека во него стои Мишко, малиот брат на Величе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само колку да ја видат дека јаде, сосила ја голташе храната и одвреме навреме пивнуваше вино од чашата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ме налути кога видов дека, чепкајќи, ми го отшрафи задното светло, а тамам вчера конечно го однесов на мајстор да ми го монтира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Жените и децата припиштеа кога видоа дека гори куќата и летнаа да бегаат надвор од дворот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ако го најдат, ќе видат дека е Турчин и ќе нè гонат. Тие се големи одмаздници, не ние.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, на таа игра тој веќе не би ни помислил откако виде дека останала една најмала бројка лажици.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го зел со себе и го повел во царските дворови.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Подоцна ќе видиме дека таа книга се вика Псалми, има чувство дека „дел од маглестата темница“ на Рибоокиот се преселил во него и дека тој го бара токму него.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
— Залеа, токо реку да не ти притребе за нешчо, та пак да залеа, — рече Нешка и поцрвене како дете фатено на дело да краде слатко или шеќер од мајка си Доста виде дека има нешто необично во нејзиното држање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговата старечка бавност не ветувала спас. Но не бил старец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас се разбира, на Саше ниту еден миг не му поверував дека му е дозволено сам да го шета, иако се преправав дека му верувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Видовме дека им дошла помош.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но сега, кога го почувствува на себе, поправо кога овој го удри право по глава, не по челото туку по темето, како чекан наменет за клинец а паднат на палец, виде дека тоа не е само удар што ископува дупка туку удар што ги изместуава сите центри во мозокот, при што не толку што се изместуваат колку што се поништуваат сите дотогашни вредности.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Подоцна видов дека неговата посета беше сврзана со една душевна потреба на човек кој дошол во посета на својот крај по многу години и ништо друго посебно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога другарката Блажена виде дека бравата е сменета, ми побара писмена изјава во врска со овој случај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Е отиде во театар да ја погледне премиерата на претставата која долго ја очекуваше, но се зачуди кога виде дека е единствен присутен во гледалиштето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Како така“, загрмеа протестни гласови, „сите видовме дека таа дојде последна!?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Многу ми е мило: има тркалезно лице, набабрени обравчиња, црни јадри очички, кусо потрстрижена косичка, многу е зборливо и кога се насмеа видов дека е штрбаво - нема три запчиња.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А и тие сами видоа дека нема на што да се надеваат, та стиснаа раце и срце и се вратија, чекајќи си ја својата горчлива судбина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Циганите најмногу ги држат адетите, и нивните, и нашите.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Летка виде дека со помош на виното Едо се созема, доаѓа на себе и има пригодна идеја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се сожалив кога видов дека брадата му се тресе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стопосто самиот тој ми го испратил ракописоп. Сега сум сигурна дека е токму тој, иако веднаш видов дека испраќачот е некој измислен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе видиш дека пред вас ќе си појдам дома, вели, јас ја гледам куќата, вели, ене ја ондека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По извесно време, кога веќе не даваше никаков отпор, го отпретавме од снегот и видовме дека замрзнал.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јас тогаш го заклав едното коковче. Имав три со петлето, а сега останаа уште две. А ги чував за некоја поголема мака, ама кога видов дека сѐ земаат, го заклав. 106
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Богородица, која за миг ги отвори очите токму кога се свртуваа и излегоа надвор во бувтежите на ветрот и дождот, почувствува болка и срам од своите деца и деверот, проломоти Требаше пат да им се направи до огнот, зар не видовте дека џуркаше вода од нив!?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се загледав во Влатко, Дејко и Ташко. Седеа крснозе, полека го тресеа пепелот од цигарите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Даниел веднаш виде дека брат му Френк го размачкува малтерот врз еден дел од сенката на девојката, што паѓаше врз ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Брзо се виде дека О.О. не е ситна риба во партиско-полициската хиерархија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На авторот му се виде дека младиот човек поради сопственото несфаќање дури и како да почнуваше да се нервира. Задоволен, авторот му се насмевна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сабајлето, кога стана жена му на Мил, виде дека дворот е полн со вода; од дождовите надошла реката го пробила насипот над куќата, се излеала и поплавила сè.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зарем не виде дека половината вод вчера ни остана обесен на бодликавата жица?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Музиката доаѓаше од групата што свиреше на поткренатиот подиум, тројца мажи во исти костуми со дупло закопчување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бев видела дека така стои на мојот здравствен картон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вангел, реков веќе, е сунизок и здрав, но кога ќе се загледаш внимателно, ќе видиш дека преку лицето му сени една одвај забележлива сенка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А кога ќе види дека ни се обновува силата, тапанџијата го легнува и своето лице под тапанот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури откако ја закопавме мајка ми видовме дека ни го оставила бастумот - да ги бркаме со него нашите старечки болести.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во сета оваа работа најважно е ова: видов дека скоро во секое село има бугарска полиција или бугарска војска“ и според него тоа “најдобро говори дали сака македонскиот народ да биде окупиран или да биде слободен“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но, штом го отвори пликото, виде дека во рацете држи уште едно тужбено барање.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И дневниот весник „Време“, каде што бев уредник до пред скоро време, ми доаѓа трипати неделно, и дури сега видов дека тоа нема никакво значење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми се чини дека постојано газам на истите стапки и ако одиш да видиш ќе видиш дека на тие места е разгазено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како што се приближуваше кон неговата порта така го успоруваше одот. Виде дека на портата виси резе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас не знам што прави ноќе, ама сега видов дека само кога јаде, не држи цигара в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога Карл виде дека на ковертот е напишано неговото име и презиме, го отвори писмото со љубопитство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Треба веќе да се вратам таму од каде што сум дошол.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Фрлив поглед на плавата. Беше многу попривлечна оддалеку - вака одблизу убаво се виде дека има проблеми со забите, но сепак беше највозбудлив примерок на dragqueen наоколу. 126 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Знаев и дека треба со свои очи да види дека некој навистина го мисли тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Жими десното око ако сакам од вас да печалам, — им се колне Петруш, а на свадбарите не им текнува да го погледнат десното око на Петруша и да видат дека тоа е шлупка ореова — истечено уште пред петнаесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога виде дека вреќата е речи си преполовена, се изненади, зеде во рацете од зрната.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сега можеме да видиме дека овие три епиграфи - во самата средина на првиот дел на “Фармацијата” - заземаат прикладно важно место.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Долго се убедувале по тоа прашање и, кога Делчев видел дека нема полза, станал и шетајќи се нервозно по собата реско му рекол: “Добро!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да не видат дека сме тука и да не предупредат дека затворите постојат и дека и логорите постојат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некогаш не ти се вдава да се опулиш долу во снегот, да видиш дека стапалките се машки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе му се загледаш в лице ќе видиш дека тој располага со насмевка што може да се окарактеризира како посебна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Војниците ги следеше цело време, па кога виде дека вниманието им е на друга страна, забележа дека не го гледаат, веднаш се сокри зад еден ѕид за миг, а потоа кога се пушти во бегство така брзо колку што го држеа нозете.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не е доволно јасно да видиме дека нашето „Јас“ претставува некој јазол на меѓусебно преплетувачките виртуалности, дека е некаков леден брег што плива во морето на потсвесното, или компјутеризација, што го надми­нува нервниот систем, туку Margina #19-20 [1995] | okno.mk 113 мораме соодветно и да работиме.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Гил ван Брусел, начелник на Одделението за наркотици при Министерството за здравје во Амстердам, смета дека ваквиот пристап претставувал клучен фактор за успехот на холандската политика: „младите можат да ја купуваат дрогата во кафулињата и да видат дека е релативно безопасна. Тие исто така можат да видат дека здравјето на уживателите на јаките дроги е сериозно нарушено“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога видов дека пак бараат по куќите оружје, знаев дека ќе ја најдат муницијата и бргу ја ставив во плетената табла од прачки со која одев на гробишта, а озгора некое парче леб, и ја ставив на глава, божем ќе одам на гробишта.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И вели Првин си помислив дека е Глувиот Џокоски или дека е некој кој бил на Молитвена Вода и сега се враќа оттаму, но потоа убаво видов дека не е нашинец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Фурнаџијата му дал на Кузе што му дал, ама кога видел дека брашното е стврднато, згрутчено, се стрчал по него и караница. Се степале.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Винстон виде дека во рацете носи подавалник со едно шише и чаши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Но зошто ја бараш од мене?“ „Челник си, реков. Се заколна дека ќе се грижиш за нас. Стани и најди го крадецот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
не ги слушав и ги заборавив уште пред да видам дека ме сметаат за варвар: во мрак, оној што во таквите продавници секогаш лежи на одредено место како задолжителен дел на општата патина, здогледав женски портрет, масло на платно со размери, слободно проценети, 45 x 60, и останав нем и уште еднаш како во онаа декемвриска ноќ облеан однатре со течно олово.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога ја донесоа дома за да умре, и ја легнаа на големиот брачен кревет во спалната, таа едвај да виде дека таму лежи човек.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш, со истиот бавен чекор, се врати назад и виде дека Едо брезничаноцот и понатаму седи на талпата пред продавницата, налактен и со главата обесена меѓу колената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие се вон текстот, претставуваат обична придодавка, а сепак се покажуваат како негов извор; но однапред зборувајќи што вели текстот, тие самиот текст го претвораат во придодавка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ваквото нејзино расположение уште повеке го развесели Крстета, кој чекаше некоја кавга или плачка од Анѓа за нанесената навреда, но виде дека и таа е задоволна од поповата постапка, та ни тука не му остануваше некаква тежина на душата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Успеав да начујам зборови како пресретнување, автобус, колеж, крв, но штом ме видоа дека прислушкувам, веднаш ме истераа надвор.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во другите случаи, третманот е најнедраматичен што може да биде.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во споменарите запишувавме убави желби и стихови со кои го искажувавме другарството.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но како што му го даваше писмото, одеднаш во ходникот неочекувано се појави братот Коле кој виде дека нешто се случува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Попот Никола, на Ралин Панта маалото, со око бистро и умно, веднаш виде дека женава не го почитува него толку колку што сака да го искористи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ќе видиш дека јас нешто ќе смислам“, рече Перо откако си свртеа грбови за заспивање.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој прво сакаше да излезе поитар и да мине некако инаку, но кога виде дека не може, им подвикна на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зашто, тогаш, би можела да видам дека сум како Другите луѓе, овде.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Некој од луѓето ја забележа каде ја стави парата, ја загледа убаво, и виде дека банкнотата е стара, неважечка.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Погледни ми го коленово и ќе видиш дека ни јас не сум останал заборавен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се разбуди отец Иларион; виде дека е сон, и сиот возбуден, се облече на брзина, излезе од одајата и отиде на изворот, и миејќи се, триејќи се по целото тело, сакаше сè да исчисти од себе, небаре сè уште се допирите од Смилјанка на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со едно пристискање на копчето го испрати извештајот и стана да си направи свежо кафе, оти знаеше дека телефонскиот повик што следува ќе трае долго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога видов дека нема ништо, еда, седнав на земја, ба му ја, збирам душа, а Мисајлејца ме прашува: - Што си се острелушил така, бре Давиде, ми вели, еда, што си пожолтел ко смил во лицето?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира дека никој не се осмелуваше нешто да го праша зашто видоа дека нивниот Американец не си го троши погледот од што немаше што да работи, туку очигледно тој нешто бараше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но кога, по четири години се врати жив, се виде дека тоа му е лузна од операцијата на вилицата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога им се допреа образите во поздравот, тој виде дека мазниот образ на човекот во костумот, светнат од колонска вода, го сече долга лузна, сѐ уште по малку црвена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Третата ноќ преспа крај нивниот огон. Виде дека никој не мисли да го гони, но ни таа вечер, ни утредента, никој не проговори ни збор со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но и Анѓа не направи никаков каршилак. И нејзе ѝ се виде дека оваа работа кога да е, јалова ќе излезе, и само попот може да се користи, та поповото излегување таа не го направи некаков маслават.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се зачудив кога видов дека нападнатите се бранат и ги враќаат ударите со иста разлутеност со која дојдоа посиноците на маштетата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Наближувајќи го кафето од Филевци, на Андон му стана мило кога виде дека уште не е затворено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти самата виде дека денес сите доаѓаа, се интересираа, ме советуваа...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И така, тргнавме Саше и јас со Бак по улицата кон баба Стеве, ама решивме пред нивната куќа да скршнеме во една од споредните улички за да не нè видат дека го шетаме кучето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој дури помислуваше да се спакува и да си бега дома, но после му се виде дека баш тоа може да стане особено сомнително, да го открие како човек што си ја има мувата на капата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога тој виде дека има работа со еден слеп човек, се увери дека сум крајно безопасен сведок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш видовме дека не можеме да се споредиме со руските револуционери и ни се стори дека сме малечка групичка без раководни идеи; повеќе работевме по инстикт.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Националното е еден вид политички камен кој на сила му се става околу вратот на човекот расположен да лета; со него се задржува човекот да остане во своето село, до својот нужник, да не отиде во светот, да не види дека постојат многу и различни светови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
20. Кога ќе загледаш поасолно Од пишаното навистина не се бегало Ни од пишаното ни од суденото А пишано било наместо плач да имам прв сон И судено било сон по сон Да го отсонувам и последниот сон Оставајќи патем неизбришливи траги Во светската историја на сонувањето И крепејќи ја севезден Планетарната борба За неприкосновено право на сонување Уште повеќе борбата За гарантирана слобода на сонувањето Што сега е внесена во Општата повелба На Обединетите нации за слободно и неограничено сонување Од толку силни борби И впрегнување во нив на владини и невладини сонувачи Најнакрај се уморив од толку сонување И си реков доста беше ако е за аир И онака не остана што да се сонува А и нека посонуваат малку помладите генерации Па да видат пршленките Колку дикат сака за едно просечно сонување А не пак за едно асолно сонување Да видат дека во сонувањето нема тате носи мама меси Соновите не паѓаат од ведро небо И сака добро загревање на главата Дури почне да се исцедува еден сосема обичен сон А знаете дека има и недоброј необични сонови Тадури и повеќе необични одошто обични сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
На појасот му блеснаа двата нови револвери.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Лажеш. - Ти лажеш. Откопај го кутичето и ќе видиш дека е празно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Онисифоре, се сеќаваш ли што ти говорев за судбината?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АНТИЦА: Кога ќе видат дека не ќе им одам, и со душа ќе се задоволат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За момент застана, се сврте назад и, кога виде дека никој не доаѓа по неа, го продолжи чекорењето во истиот ритам, зборувајќи тивко, но со жестина и отсечно: “Јас ќе горам, можеби, да, јас ќе горам, тоа е сигурно, но и вие ќе имате иста судбина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Па се обѕрна и виде дека сите коњаници околу него ги подале главите напред, за да го видат шлемот со вода.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Подобро татко ти и Марша да видат дека сите се придржуваме на договореното.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Високиот викна уште неколкупати и, откако виде дека напразно вика, му се развика на Коста: - Толкупати сум ти велел џипот да го вардиш како сопствените очи!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Каде е жената што беше со него?“, и јас видов дека доаѓаат по мене, и сосема спокојно ги затворив очите, и потонав во некаков блажен мрак. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неда пак, кога виде дека Крсте навистина ја гледа и таа се заврте надесно, на спротивната страна од него, и продолжи да пишува во тетратката, целата затресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја отвори вратата и видов дека е по пижами.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Србин го крена погледот и преку чело виде дека Французите си се тука наоколу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Знаеш, да се види дека сме актуелни...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Уште на почетокот од средбата, се виде дека Чапаев има потреба од подолг разговор, но, најнапред, веднаш мина на главното: - Почитуван колега, донесена е конечната одлука.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Но - пишува Шатев - попаднати во туѓа средина, без никакви средства за живот, тие видоа дека не така лесно се прави конспирација и се прибираа при своите родители“47.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Или можеби ти виде дека го боде ајванот со вила, дека ги пали луѓето.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не виде дека ја голтаат избезумени од страст погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не можат да се слават пазарното стопанство и демократијата без да се види дека обете се последица од апологијата на движењето. Margina #21 [1995] | okno.mk 7
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поминаа денови и денови и писмото можеше едноставно да се стопи од жештината на нејзините полни гради, почна да се титка, некои букви да бледнеат, други да се разлеваат и Чана мораше да почне да им го чита писмото додека уште можеше да се види дека навистина е писмо. Најпрвин ѝ го покажа на Митра.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога сега се отвори вратата, тој само ја сврте главата, виде дека доаѓа Бошко Манев и пак им се врати на своите мисли.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Отец Арсенија виде дека Стале ќе биде одличен подвижник ако го кандиса да го заборави овој свет и да се посвети на господа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Вие само во мене гледајте, — им велеше Толе на сите што го прашаа што ќе биде и како ќе биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш по очите ѝ видов дека ја бара мајка ми и чув како го испраќа татко ми да оди по неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа веднаш виде дека косата што беше над длапките на очите беше и премногу сјајна, густа и темна за да му припаѓа на тоа лице.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одеднаш облаците се спуштија толку ниско што на Влатко му се виде дека се пробиваат низ нив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Малку како зачудена застана кога ме виде дека лежам. - А ти, суртуку? Една педа и веќе апаш!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој виде дека овие двајца минери работат копачка, а не минерска работа, а не вадат ништо, со кое се штетеше компанијата, и им нареди да го напуштат тој тунел или да се препазарат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Александар виде дека дланката му е раскрвавена, ѝ помогна на Бојана да стане и двајцата фатени за рака, потрчаа кон полициските автомобили.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Турците, што беа во заседа, скриени во суводолицата покрај ливадите, отворија на него оган; сега кога видоа дека тој бега и ја наближува шумата, скокнаа од местата и со пукање и викање се спуштија да го гонат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ниту пак имав време да помислам на тоа кој е иако веднаш видов дека човекот што тоа утро влезе кај нас беше комита.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа по регистрацијата на колата виде дека сме Југословени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гала, кога како што јас сега мислам, виде дека не може да ме задржи меѓу нозе, се истргна малку в десно и ми ја пушти левата рака меѓу нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Баба му во тоа виде дека личи на еден нејзин помлад брат, кој уште млад замина во туѓина и без да пушти глас од себе не се врати повеќе оттаму.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сакаше некако да го разбуди, но ко кога виде дека нема никого да го налути поради тоа, не се загрижи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; Оти ти рекла: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; Оти: си ја зел за рака и таа те повела во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица, па си ја познал буквата-девојка, и си го настанил семето свое во утробата нејзина ѓаволот што ја отворил за тебе, како порта што води во темен стан, во најтемна ноќ со јасни ѕвезди; Оти: си се разбудил одеднаш, пред полноќ, во прегратка на блудница жена, и си залелекал, си спискал, оти си видел дека буквата-девојка си стои негибната во клопчето од записот, невина сосем, недопрена од раката твоја страсна, и си сочинил, бргу-бргу препис на преписот; Оти: навистина си сочинил препис на преписот, со буквата девојка среде клопчето, и си ја нацртал уште поубава, и си отишол во западната одаја, и си сакал да ја оживееш, како Господ да си, оти само тој оживува и умртвува, подига и унижува; но ништо од тоа, оти буквата девојка, и сите други букви од умножението на преписот се сториле бројки, кога си го пречекорил прагот на одајата западна; Оти: си ме оставил мене, твое семе во таа утроба, и кога ме родила утробата на мајка ми, ти веќе не си бил жив, но братот мој, Лествичникот, знаел што бара новороденчето пред вратата на одајата на блудот и не ми кажал; Оти: се плашел од мене, оти од средето на писмото сум зачнат, од буква-девојка, оти сум Сказник и сказанија измислувам, и Мозаичник сум, оти скршеното го составувам; и се исплашил Лествичникот да не му го одземам првенството, па го сокрил родословието мое, да не знам кој сум и дека предодреден сум, како Сказник и Мозаичник светот на грб да го носам, на крстот мој!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќератајата низ дуљбија мора да видел дека тука имам мажи во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кога го слушав до крај писмото кое што го читавте вие видов дека не е негово.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Почна да врне, имавме малку одмор од неколку минути и видов дека таму каде што стапнал добитокот водата светкаше, се наведнував за да се напијам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога јас, со солзи на очи влегов и сакав да му се исповедам, да му признам сѐ, видов дека светлината околу неговото тело ја нема, оти јас не ја виѓавам веќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По некое време вратата во се отвори – гледав малку подобро, иако и натаму матно – видов дека тоа е брат ми Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Утредента, уште во раните часови, кога сè уште никој немаше станато од спиење, ме разбудија ужасни грчеви во стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Низ отворената врата од плевната го глдаа крајниот горен прозорец од куќата осветлен и по сенките можеа да видат дека внатре се сноваат луѓе, но беше предалеку за да се чуе дали нешто зборуваат, па им се чинеше како оние таму да се кријат во завера.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Овардз, - ми рече детето.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тогаш видов дека од едната рака му виси сплетен камшик и дека умее со него да везе шари по селанските лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ВЕРА: Навистина е чудно: јас сонував дека некој го затворил во шкаф за облека, а кога почнаа да го отклучуваат и да го тресат шкафот, тој самиот дотрча со калауз, страшно сериозен, и помагаше во отклучувањето, а кога најпосле отклучија, се виде дека таму виси само еден фрак. Необично, нели?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Виде дека има трема оти воопшто не ја погледна в очи, туку си ги кршеше прстите и со некоја полукашлица си го прочистуваше грлото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Органџиев, кој случајно одејќи по една улица, видел дека Павела го носат во спровод.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но кога љубопитно поткрена глава, виде дека очите на светлокосиот се широко растворени и управени напред во светлото летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Рано утрото, кога виде дека ги нема зајачињата, лисицата ќе препукнеше од мака дека се успала.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Земјата пропаѓала под неговите пиралки во опинци од кожа на диво свинче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се приближи поблиску и виде дека човекот, потемнет од сонцето, се наведнува надолу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога виде дека е СИЛЕН и дека нема ПОСИЛЕН од него: ја подаде својата рака секому за да ги почитува и прифаќа туѓите умови прибирајќи ги во своето братско кралство!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
- Другар политички - му вели Лефтера - барем еднаш погали го, па ќе видиш дека ќе те засака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тајните агенти и стражата - од каде ли се најде!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некаква утеха најде сепак во тоа што во второто писмо до Ордета, кое исто така го прочита, виде дека љубовницата раскинува со него, моли.да не ѝ пишува повеќе и да ѝ ги врати писмата ако ги чува, бидејќи таа се мажи, треба да ја разбере, таа не е учено девојче, а сега ѝ се укажува добра прилика.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во нејзината насмевка тогаш ми се виде дека има нешто што таа одвај чека да ми го соопшти, ама се воздржува оти смета дека не е сè уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А потоа едно зимско утро излегов на балконот и видов дека на столот на мајка паднал снег, го покрил нејзиното испразнето место.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ме одведе на периферијата, и јас, штом слеговме од автобусот, видов дека во градот гостува циркус.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стражата виде дека има многу глупи момчиња и се исплаши да ги тепа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потрча, затоа, по камионот и ја крена раката како да сака да го запре, возилото ли, неа, текот на времето, животот ли каков што дотогаш му беше даден, што брзо се оддалечуваше итајќи незапирливо во непозната насока, а потоа виде дека е залудно и застана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Шишман внимателно го остави капакот на масата, го фати огромното тенџере со двете раце, го подзаклацка и виде дека течноста се измати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И туку наеднаш видовме дека небото се забелува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слушај, да го соблечеме убиенион и да му ја запалиме облеката? - Зошто, кажи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попе, не лекувај го со вино, му се сторило дека бегот подвибно вика по него, но тој по неколку седмици, ослободен од велигденските пости сит и напиен, видел дека ждребето е нападното од коњска треска го назобал со трици и го ожеднел и потоа го напоил со зашеќерено вино во кое замешал грст суви тревки и млад, дванаесет месеци сушен пелин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се виде дека сака да каже нешто важно па Шишман тоа го вознемири и исто така се премести од едната нога на другата и камчето во неговиот џеб пак тропна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За големо нејзино чудо, виде дека навистина Крчо ја напишал својата задача и гледа потокришум во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само еднаш видов, во едно странско списание, слика од таа жена, господине судија, и видов дека е многу поубава од мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марија погледна преку рамото и виде дека автобусот е полн со жени на различна возраст и во разни положби, кои спиеја завиткани со исти прекривки како и таа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Полека му се разбистри и некако му се осветли виделото, и виде дека е полноќ и дека поклопените сказалки се залепиле за полноќта и не сакаат да мрднат понатаму, како некоја невидлива рака да ги задржува и нив и времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Дури и да не ти одговори сега, - ја предупредуваше лекарот, - ќе видиш дека кога ќе порасне уште малку, сам ќе те побара.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Писмородецот рече дека такво нешто во текстот нема, дека не е запишано, а јас видов дека тој не ја гледа таа нишка од пајажината, и дека ја гледа само онаа најдебелата, и дека не дозволува некој друг да гледа нешто што тој не виѓава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мајка му го виде дека заспал но не го разбуди. Само подобро го покри, да не настине...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Полковниците џвакаа и молчеа. X Отец Иларион се израдува кога виде дека Наќо, оној што го донесе врзан од Езерец поради нападите што ги добиваше како последица од фронтот, е оздравен.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А кога го проби оловото, видов дека и како мртво сака да го испие животот со очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Првпат тогаш видов дека и возрасните плачат како што научиле да плачат како деца. ,...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луман пак, неколку пати прости и повеќе пати рече дека ќе почека, но кога виде дека Бошко зачестува со такви молби, еден ден го пресече: - Не чекам јас . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сакаше да размени поглед со братучедот, но кога погледна пак, виде дека тој уште спие со двете раце надвор од ровот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И Илко, кога виде дека Доста се фати до Бојана и оти сите во неа гледаа, му се разбуди срцето и тој со трчанка се фати до Петка. — Ене не: златна сестричко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гитарата ја наследи од нејзиниот брат кој загинал и ја оставил за спомен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И кога за првпат ја посетив таму, видов дека во погледот, во држењето на телото, во гласот, полека ѝ се враќа некогашната сигурност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едо се приближи, се ведна над моторот и виде дека разводникот е отворен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, не. Му требаше за тоа доста време, но тој најпосле сепак виде дека тоа се само неколку блиски гранки, избрстени и црвеникави, порастени на врвовите на неколкуте околни дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наутро Карамба-Барамба виде дека е пак без сенка, истрча од колибата и ги разбуди сите црнци.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
„Конечно го најдов својот дом,“ ми рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ама, тукушто влезе кај детето да му го види лицето и да си каже дали повеќе личи на него, или на Амдие, туку се стаписа кога виде дека и таму Тодора орото го води.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но кога виделе дека трговијата оди добро и дека чесно им се плаќа, тие од ден на ден сѐ повеќе се зближувале меѓу себе, се засакале и се спријателиле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А и претходно имав пробано да се качувам на мостот, па видов дека на првите неколку скали беше лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Што ти е, човеку?“, го прашав. Тој ја крена главата, бавно, и јас видов дека целосно е пијан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мораше и Живко да се преформулира откако виде дека домаќинот не ни трепна пред неговата тупаница, па прашалникот го преправи во извичник: - А бе, вие Прилепчани, не само што имате вода туку сте имале и езеро!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го прашав Били: „Кој беше ова?“, и тој ми го кажа нејзиното име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во меѓувреме, погледнав низ стаклото во рерната и видов дека таму нема ништо; немаше ништо ни наоколу во кујната, па се чудев што ќе јадеме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа си замина и штом Толе виде дека таа замина, тој се врати дома.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас нешто не можам да спијам, па така, - очигледно дека не ѝ текнуваше што да измисли за да го прикрие постојаното патролирање пред тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога се раздени и се разбуди, виде дека освен леглото во ќелијата има три слепи ѕида, а на четвртиот беше вратата и прозорецот до неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А кога го врати назад во собичката и кога виде дека ни сега не може да остане тука само со него, Змејко ја зеде пушката и просто истрча низ вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеа да видат дека најназад е бабата Петра и дека тешко се движи од товарот, од снагата и годините.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но мајка му, кутрата, си ја смени ѕвездата многу порано, отколку што ѝ предвидуваше синот: пукна еден ден кога виде дека ѝ ги снема златните работи кои Профим скришно ѝ ги продал за да прикупи уште нешто од брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тогаш видов дека со светот управува Златното теле. Мамон! О, без шега! Безусловно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Кој ќе останит дома, аскерот ќе заколит на прагот од куќата", — беше последниот заканителен збор на јузбашијата којшто и на аскерите им ја пренесе оваа наредба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога стигна до купчето, Винстон виде дека тоа е човечка рака откината кај глуждот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дубровчанецот ги собираше рамењата: „Појди. Но колку да видиш дека е вистина ова што ти го велам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тулио Бути и не помислуваше што сè ќе претпоставуваат неговата стопанка и ќерка ѝ кога ќе забележат дека тој секоја вечер седи вака во мракот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега тој мрмореше полугласно, како во себе да повторуваше лекција која подоцна требаше напамет и наглас да ја каже пред некој друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога во следното поглавие ќе биде разгледуван асемблажот Алегорија на жанрот, ќе видиме дека и Невестата е една ѕвезда што паѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат попогодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво што направи, погледна кон куќичката на Бак и кога виде дека го нема, писна да плаче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- му се фрлија на бунџијата, но кога видоа дека бунџијата е самиот крал, тие застанаа и не знаеја што да прават.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Жена му на Китан знаеше дека жена му на Танаил, како и другите жени во селото, се подбиваат, се исмејуваат, и затоа утредента по свадбата, кога станаа младенците од спиење, отиде во нивната одаја, ја натера невестата да се пресоблече, ѝ ја зеде кошулата, и кога виде дека на неа има крв, светна од радост, ја зеде кошулата и истрча во дворот покажувајќи им ја на сите луѓе дојдени на блага ракија; им рече на тапанџиите и на свирачите да свират, и таа држејќи ја кошулата високо крената, започна да игра оро.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога татко му Трајко видел дека го нема дома, го јавнал коњот (според бате Иле, одма му станало јасно куде е Прокопија), па негде на полпат го престигнал. – Што мајку тражиш тамо? – му се развикал (можам да замислам колку страшно од горе, качен на коњот, можеби со нагрнатата гуња и со кубур и долг нож во појас, му изгледал на десетгодишното дете).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога видоа дека Илчо секој момент ќе заплаче и баба му и татко му почнаа да го тешат и да му ветуваат дека ќе му купат друга санка, уште утре.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- За прстенот ми се лутиш, кажи, а? – беше упорна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа двоумење како да ѝ пристапи, му пречеше тоа што виде дека таа знае да биде не само независна туку и горделива, не само остра туку и груба, па да го одбие уште при првиот обид за приближување или додворување, како со сечило што скока прво со блесок, а веднаш потоа со удар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога посака да приседне на едно такво место, пронајдено и употребувано од порано, Ване зачуден виде дека е зафатено.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, на мојата супериорност ѝ дојде крајот; не бев предвидел дека тие, во моментот кога ќе видат дека ја изгубиле идеолошката власт над мене, ќе почнат да практикуваат физичка власт, односно дека, откако видоа дека не можат да ја поробат мојата душа, можат да го поробат моето тело, да ми го одземат; тоа е последниот механизам на власта, пред таа да се урниса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир.  Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето.  И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Милан го осудуваше Јована за предавство, овој Милана за кукавичлак што избега во Бугарија и го остави него на цедило, и на крајот на краиштата и Милан виде дека Јован си имал право донекаде што се предал, бидејќи друга глава немало во торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не беа во прашање парите, тогаш што можеше да ги спречи девојките во намерата да купат книги кога на штандот можеа да видат дека ги има сите книги од Шелдон, Ладлам, Куељо и слични на нив?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога видоа дека не можат, ѝ направија царски рез и ѝ го извадија детето здраво и живо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако останатите Македонци по нас видат дека акцијата е добра и дава резултати, тие по своја иницијатива ќе не следат и ќе почнат други слични акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
XII Квечерината по богослужбата во која игуменот, отец Серафим, отец Иларион и сите калуѓери, се молеа господ да помогне манастирот да не се приклучува кон Албанија, полковникот Жино, шетајќи низ манастирот, ја виде црквата отворена, влезе внатре, виде дека нема никого и влезе да ги разгледува уште еднаш и подетално фреските што ги прикажуваат чудата на свети Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Та нели тогаш во Листра му дојде да си ја искубе брадата од ужас кога виде дека ги беа донеле јунците да ги колат во негова чест, дека го нарекуваа со името Хермесово и мислеа дека е самиот Бог што се симнал меѓу нив?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Почекаа долго време,но кога видоа дека никој нема да им пријде се преплашија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сломен и блед истрчав во скрипториумот, и видов дека ме чека на масата; сум ја заборавил, посекако вчера, оти работев до доцна.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Од јазикот негов капеше крв. Ни на господа не можеше да му се помоли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старичката погледна наоколу и кога виде дека никој не ја гледа, прошепоти: - Дојди, дојди, наведни се, баба да ти кажи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога Јосиф едно време се сврти кон нејзините, кои и натаму така свечено стоеја покрај креветот, со задоволство виде дека и нив, и покрај загриженоста, очите им зрачат со радост, поради радоста на Сандра што ѝ е тука Јосиф.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го здогледав дното на лонецот; малку ја подигнав главата и видов дека ни се доближува едно црно куче со 104 Margina #10 [1995] | okno.mk средна големина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бев зачуден, дури и исплашен, кога видов дека околу многу куќи беа ископани нови парцели, мали навистина, колку што дозволува земјата во дворот или до дворот на куќата, но ги имаше многу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби ќе проверат и кога ќе видат дека те нема, кој знае како можат да те казнат... рече со растреперен глас. – Изврши смена на стражата и врати се.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Децата, шест на број, речиси сите на иста возраст, ќе зинат и како чавчиња ќе гракаат и ќе чекаат тој нешто да им фрли в уста и откога ќе видат дека нема што да фрли, ќе папсаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Селаните се затресоа прво кога слушнаа и кога го видоа дека Толе е тука, но од друга страна и се поослободија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и оној мртов дом,“ реков, и покажав преку улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Под него остана локва крв и Толе виде дека палтото на убиениот беше продупчено под двете мишки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
“ Така си се расправи со самиот себе Акакиј Акакиевич, си се охрабри и ја исчека првата недела и, откако оддалеку виде дека жената на Петрович излегла некаде од дома, отиде право кај него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Видов дека мостот не е мазен каков што беше кога го обоија претходниот ден двајцата чичковци во сино, туку наместа беше рапав, како нечии раце да се лепеле по него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Оди си сам!“ му се врекна таа и додека тој зјапаше во неа, збунет, потивко му прос’ска: „Оди си сам кај тоа курвиштето што ти е мајка“, и со трчање избега од него за да не види дека очите ѝ се полни со солзи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се подигна и слегувајќи низ благата стрмнина, виде дека полјанката, долу, кај фурните, не е празна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Затоа се обидував да бидам колку што е можно повеќе тивок, а кога ќе почувствував дека нема да можам да се исконтролирам ја пуштав водата од тушот да тече во кадата и така да го подзатскрива мојот звук.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се раздвижи групата на Вангел Русјаков и Петре Караколев, речиси исто време си ги опростија снагите па можеше да се види дека Вангел Русјаков е заврзан човек, бабачко иако снизичок, а Петре Караколев русулаво, тенко и височко, ама и со сила во висината.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Гаро се вдава кога ќе ме види дека тргнувам кон него и бидејќи од десната страна има мал подѕидок, тој од левата ми скокнува на бокот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога дојдоа Французите, видовме дека се јадат и црвени патлиџани. Скапани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Да види дека сум силен. Инаку - другари сме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нешто ме глочкаше на папокот, и јас ја кренав маицата: видов дека на мојот папок стои црниот пајак од младоста, брошот на мојата баба; Јан Лудвик, очигледно беше дошол од циркусот, од белиот свет, да ми го врати црниот пајак, и откако го беше испил своето питие, ја беше запечатил чашата со пајакот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ми беше јасно ништо, само гледав како Бистра и Мони ме гледаат и слушав како сестра ѝ на Бистра заедно со Јасмина го сечат воздухот со лулашките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Иако не ги разбирав што зборуваат, сѐ ми стана јасно дури откако видов дека двајца мажи во моја близина ја дерат кожата од мртвиот алигатор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Џеки ми ја претстави плавата: „Хоуп Слејтери”, тоа беше името што Кенди го користеше во тоа време - нејзиното вистинско име беше Џими Слејтери и беше од Масапек, Лонг Ајленд. (...) Sgt. Pepper беше хит тоа лето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Чувството на вина ѝ се засили кога виде дека Кети веќе ги измила садовите од појадокот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од пораките и од писмата што ги добив јасно се виде дека многумина читатели предметот ми го разбрале како прикриен обид да се врбуваат стрејт- студенти и да се преобратат во геј- животниот стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колкупати сум плачела од бес кога ќе се вратам од школо и кога ќе видам дека во мое отсуство ми зел гумичка, или ми украл некоја скриена мастика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дедо Бошко уште еднаш виде дека нема шега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се прашував дали ми е лута затоа што можеби не ја чекав доволно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толку многу се залета, иако го предупредив да не го прави тоа, та кога виде дека ништо од тоа не заврши со успех, само се плесна на креветот исцрпен од умор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога се доближиле до него, тие виделе дека тој плаче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас видов; тој виде дека јас видов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По неколку пувкања ми дојде горчина во устата и како нешто да ме удри в глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Паднаа Мирче и Куле, а Андон ја доварди некако главата, но се загрижи кога виде дека и тој може да настрада, та почне да му советува на Толета да се истават за извесно време додека се позаборават нивните дела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако читаш историја на уметност до пред 25 или 30 години, ќе видиш дека постоела ваква последователност: од Верокио, преку Ѓото, Приматичио, Тицијан, и така натаму.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога виде дека не диши, готов е, рече.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тетин ми, кој како сѐ уште да се бореше со изминатата попладневна дремка, жмиркаше со малите црни очиња и се обидуваше да ме слуша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вака, ќе појдеме заедно, ќе му кажиш ти оти се сардисани и белки ќе се теслимат кога ќе видат дека не можат да се спасат — заврши Трајко, — Ама кај ме тераш ти мене, Трајко? — му се врекна дедот Паленѕа на Трајка Ташков, кој одеше потера со Турците како варија — за пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но на сето тоа му дојде крај, кога еднаш жена му на Оруш, случајно или намерно дојде во плевната; виде дека вратата е одвнатре заклучена, ѕирна низ цеповите и ги забележа на сеното.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но кога баба виде дека Мајка ги носи и Куранот, па Библијата и Талмудот, таа, сепак, започна да си го менува мислењето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Каде да го ставиме кога спиеме со свиткани коленици?“ „Продајте го“ , им предложи и виде дека за миг го облеа надеж. „Познаваш ли некого што ќе го купи?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Надвор, под еден осветлен прозорец, видов дека обидот наполно успеал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откога заврти од зад куќата десно, видов дека тоа Атанас Бамбо натоварил две кофи со сливи џанки и туркаше накај дома да ги тури во бурето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двајцата спроти Еразмо водеа разговор: -Ќе дојде, ќе видиш дека ќе дојде!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се изненади, кога виде дека јастребот со клунот го колве јажето што беше готово да се скине.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не си ги чувствуваше ни рацете ни нозете.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Три ѕида, а отворено на кај реката и Паркот, виде дека лесно може да се крене уште еден ѕид и да се стави покрив за да се добијат две малечки простории. Така и направи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Бидете креативни, ослободете се од сите рамки и догми, размислувајте со своја глава и ќе видите дека првичните резултати ќе ве охрабрат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веднаш видов дека има една мера на опсесија во неговите трагања.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се превиткуваше Илко но не се даваше: наутро кога ќе станеше, тропаше, кашлаше, да видат дека е жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најстариот не изустил богохулни зборови откако видел дека не е неговата калеша, а вториот гласно рекол сполај ти Господи за спасението на мојата перачка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога тој ден сами без тато отидовме на гробишта видов дека Вера многу добро знае каде е гробот на мајка ми, и нѐ поведе право таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Брадјосниот човек виде дека некои почнаа да треперат од страв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога таа виде дека ѝ следи храна, само леко се подмести со предните шепи и продолжи така отсутно да ме гледа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подоцна видов дека она што беше објавено во весникот по содржина соодветствуваше на листовите пишувани на рака, само што во дописот работите беа кажувани накрупно, без поединостите што ги имаше во подврзаните листови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се тргнав малку, проверував дали сум ранета, видов дека не сум, па малку се вратив назад и почнав да се влечам со рацете.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, кога утредента децата од сета зграда дојдоа под шарената елка, видоа дека големиот Дедо Мраз од чоколадо ја нема својата нога!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дури и кога видоа дека ја нема, и натаму трчаа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Евтина светкава дискотопка се вртеше во средината на салата, а кога очите му се навикнаа на темнината, тој виде дека местото е полно со мажи, сите седнати по двајца-тројца во сепареа слични на нивните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не беше како некои стари даски по други лулашки: оваа беше заоблена на страните, нова и чиста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откако изодев малку по патот, се погледнав и видов дека тие делови од опинците што требаа да бидат оздола, се свртеле опаку, а бидејќи отпрвин се движевме по тревата која беше искосена, немав многу шанси да задремам зашто боцкаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пробај побарај нѐ низ светот, прочепкај низ книги, учебници, документарни филмови, телевизиски програми, актуелни вести, меѓународни институции, интернет-страници, стриптиз-перформанси - ќе видиш дека никаде не фигурираме.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ги фрлав накај клацкалките и слушав како камчето прави "тинг" кога ќе се удри од железото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги подаде уште еднаш двете раце кон мене, во еден обид, за јас да ги прифатам, но виде дека нема простор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Како - викна родилката - грешам! Јас самата видов дека детето пред малку лежеше овде!“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бреза во тој момент влезе во собата и кога ме виде дека плачам, ми се фрли во прегратка и почна да ме смирува: - Батенце, не плачи, мене ми е многу жал кога плачеш. Да не те боли нешто?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Понатаму ќе видиме дека некои од конзулите на големите сили во Солун се чуделе што турските власти не успеале ништо да дознаат или да се посомневаат дека во градот се подготвуваат крупни настани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не сфаќам како не можеш да видиш дека е понизок, поблед, послаб од тебе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога дојде да ја постелиме црквата со камен, од оној посебниот што помага, заедно со куполата, да ѕвони гласот внатре, видовме дека немаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев среќен кога видов дека помина крај Кузмана и се изгуби во стара накривена куќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жена му на Мил погледна кон Илко и како да ѝ се виде дека бојата му се повраќа на лицето, му рече на докторот: - Да не се преправа...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, кога виде дека Татко не се противи, излезе од собата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Богдан виде дека со тоа ги сврлува од на себе сите грижи и дека му се отвора можност за вистински, господски живот кај неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мачката само неколкупати се смрзна и се стегна правејќи движење како да ќе избега, но кога виде дека Кристина не излегува од зад прагот продолжи да седи на скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А, бре, така наистински, ако му се загледаш, тогаш ќе видиш дека има криви нозе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па и сега, во некој дел од минута, можам да го осетам. А се срамиш ако видиш дека ти е убаво.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му одмавнаа и оној што одеше веднаш зад него направи еден чекор настрана наместо нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Сите останаа вкочанети и со отворени усти, а еден ни висок, ни кус, се обесвести од чудо.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Откако виде дека секретарот Јаворов, а и Трим Тоска, не реагираат, тој си помисли дека имаше нешто што не ќе може никогаш да му стане јасно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И, откога виде дека никој нема наоколу, го крена капакот од сандакот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Толе нарача Стеван да ги носи парите на Маргара, но тој не излезе горе, ами седна уште тука, близу во камењето, во долот, и кога виде дека Стеван не води потера, му излезе и го симна од коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па видоа дека телото - цвет беше бело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се надеваше дека ќе се измени сè до оној ден кога ја сретна на средсело и кога фаќајќи ја за рака да ја задржи, виде дека прстенот ѝ го нема на раката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не дотраја, не дочека да види дека научив да делкам, и дека не треба од срам да ме продава на ѓупци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Среќа што тргнал да нè бара низ ноќта, среќа што го има оној негов пиштол, па пукал за да го чуеме, среќа што го чувме, среќа што Дена се покажа похрабра и од мене, среќа...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Една ми остана, - тој се удира по дрвената нога - ама јас си клинкам и со дрвената и ќе видиш дека еден ден ќе одам долу...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По земјата на големо се фаќаше мрак, по небото, барем по рабовите на планините, сè уште беше светло, па можевме да видиме дека навистина сме под Бабуна, дека сме некаде меѓу Маркови кули и Плетвар, дека под нас има некоја поголема вода меѓу вир и езерце, а пред нас суниска воденица со запрен камен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сфати дека поуките остануваат празни и далечни за оние што ги слушаат ако не можат да видат дека тој ги извлекол од својата душа и токму својот живот го насочил преку нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А самиот виде дека снемало и шампон во бањата ЦРНИОТ ШЕШИР НА МАРГАРЕТ ЕТВУД Од стари времиња, од пладнина до квечерина, низ градините на Кјото се тркалаат секакви мисли.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кафулето врз една тераса му се виде привлечно, но кога се приближи, виде дека е тоа полно со џагуриња и безделници кои не можат еден од друг да се чујат поради прегласната музика што се сведуваше на обична ропотеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никому и не му паѓало на памет дека јас би можел да бидам тоа, но веќе ништо не може да се стори: јас сум тој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден од нишанџиите упорно ме следеше, но никако не можев да видам дали има излез, некоја друга врвица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
МИТРЕ: Е, пара спечалило кучето! Кога го поткренав и видов дека е тешко помислив дека е сребро, а тоа, жено, злато! Ич на злато не ми отиде умов!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мечета го облеа пот кога виде дека не му верува.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На лавежот од песот истрча мало девојче — два тринаесет години, го искара, откако виде дека гостите не се Турци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но видовме дека сме горко излагани во нашите надежи и дека наместо арнотии ние видовме само лошотии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе видиш дека ќе ти се допадне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Јас против сите држави сум пукал, вели калајџијата од Крушово и видов дека нема најсилна војска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Погледнав јас - и видов дека мојот лоз има добиено една од премиите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сликата не се движеше. Чекавме што ќе се реши за внесувањето на ковчегот во куќата, а кога веќе се виде дека не се внесува, остана ковчегот на тракторот и тргнавме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И уште повеќе кога виде дека нема никого блиску до него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нушиќ забележал дека се случува нешто необично, бидејќи во салата се создал тивок жагор и видел дека се пренесува нешто од клупа во клупа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Додека седеа завалени во фотељите околу сниската просторна масичка пред работната маса на сопственикот во механичарската работилница „Лихнида“ во Бармптон, Канада, авторот виде дека Едо знае дека Германија загина во сообраќајна несреќа на кривината кај мостот пред да заискачуваш на Плетвар на пат за Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој момент О'Брајан погледна на својот рачен часовник, виде дека е речиси единаесет нула нула и очигледно реши да остане во Одделот за документација додека да завршат Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трајко се зачипчи за стариот свој пријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми напишавте, ти и Мила, дека заедно сте патувале во Гоа и јас ви поверував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И откако видов дека те нема и откако дознав дека живееш со други жени, ме фати силна жал и јад и со денови и ноќи плачев, и во силната омраза кон тебе што досега ти останав верна додека ти си го тераш ќејфот, во бес и очај, решив и јас да ѝ дадам одишка на душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По некое време се покажа и стебленце и виде дека тоа убаво ботее доколку пеејќи му заспиеш крај него.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фимка виде дека тој нема раце, ами нешто завиткано во окрвавени валкани завои.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ова значи дека ти проштева, - рече свекрвата и ми упати една блажена насмевка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Промртка Бугаринот што промртка и кога виде дека овој го притиска изусти едно тажно стенкање на чист македонски ГОВОР: — Е, јади ме, де, јади ме, ти падна во рацете! — и ги олабави своите раце од Митревите гради, откажувајќи се од понамошна борба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јурејќи со коњот, Илко падна, удри со главата в земја и се разбуди. Виде дека тоа било сон.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Деновиве носев маичка со ликот на Корто Малтезе на неа, на што Карло страшно се возбуди: започна одоколу да ги испитува моите познавања на тој (во Америка малку познат) стрип-јунак, па кога виде дека сум фан исто колку и тој, започна да ми раскажува за своето пријателство со цртачот Хуго Прат, за некој филм што требале да го работат заедно, за тоа како животот на големите автори не е ниту малку идиличен како што се идилични приказните за нив, за тоа како Хуго многу пиел и јадел и имал срце за целиот свет, ама не и за насобраниот холестерол, за неговата смрт и спомените што зад себе ги посеал, за тоа како Корто сите други континенти ги прошета и во Северна Америка сепак не стапна, а пак нас водите на животот токму на овој брег нè исфрлија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не гини лудо, бре, ќе простит царот, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во сето тоа кај него, и што е обикновено во таквите случаи, немаше некој систем, но подоцна, кога стана прашање за историјата на неговото семејство Кочо, видов дека е неверојатно прецизен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека се подготвуваше за таа експедиција и набавуваше сè што ѝ беше потребно, Илко дозна многу работи за неа, за нејзината страст да истражува пустини и колку досега истражила, а таа за него дозна од каде е, што бара овде, каде шетал досега по светот и каде ќе оди понатаму; виде дека Илко има немирен дух, скитачки, смел, се впушта во ризици, како и неа - и го засака; дури му предложи да ја придружува неколку дена низ Сахара, и Илко се согласи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И една ношт, како лежал на постељата си, и му открил Бог, и ја видел дека била блаженнаја Теодора у рај, и у дворове прекрасни што биле уготовани от Бога на свјатаго Василиа.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ја праша: - Многу ли си удрена? - се помрдна и виде дека преврската од коленото сѐ до колкот е покриена со засушена крв. - Па... така...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За сето тоа време во училиште на часовите мислев потсвесно на тоа како се чувствувал татко ми кога видел дека сликата е преместена, дали се налутил, дали пак ја вратил на поранешното место.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Меѓутоа, кога виде дека децата му се скрија во орманот не свртувајќи се, одеднаш стана и тргна по нив со очите полни со солзи од лутина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Глас: Александар виде дека помалку се лути и фрчи.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Истата таа вечер, кога се угаси светлината и кога Бути потона во мрак, причека малку семејството да си легне, внимателно го отвори прозорецот за да влезе свеж воздух и виде дека прозорецот отспротива сè уште беше отворен и дека малку подоцна (во темнината целиот се тресеше од возбуда) на тој прозорец се налакти жената, можеби од љубопитност да го види оној за кој ѝ зборуваа мајката и ќерката Нини.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му велеше на брат му Тане: - Напи се, нацврцкај се, па ќе видиш дека ќе ти биде полесно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Може само така да ми се виде дека мислев на него, ама целиот тој ми се стори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видоа дека тој проклетник им нафрлил слама околу куќата, ја потпалил за да ги изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога виде дека неговите сопланинци ги тераат да слезат во градот со козите, да се фатат за тешкиот алат и да станат железна работничка класа, Чанга мислеше оти некој сака нарочно да го растури природниот поредок на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со сила испи ја, му велам и ќе видиш дека од благото ќе ти помине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мирисало на кланици; и навистина најпрвин по скомињава и горчлива реа се почувствувало, потоа можело и да се види дека остра дурија му ја копа утробата на несреќникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само ми рече: Миле, ги испративме твоите сватови, среќа што ти веќе ме запозна дека сакале да те грабаат додека беше на свадба, и видов дека не лажеш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И уште многу, десет, дваесет, можеби сто глупи момчиња се појавија и сите почнаа да викаат дека кралот е гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А значајното лице, задоволно од тоа што ефектот го надмина дури и очекувањето, и сосема занесен од мислата дека неговиот збор може да предизвика несвестица, крадешкум го погледна пријателот за да дознае на кој начин го гледа тоа, и задоволно виде дека неговиот пријател се наоѓа во најнеодредена состојба на духот и дека и самиот од своја страна почнува да чувствува страв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Старецот потоа берел секакви тревки и ги варел, ја терал снаата да пие, и пак ништо не помогало, селаните сепак не виделе дека таа оди како да носи лубеница под ленената кошула и не ќе го виделе тоа ако и другиот тревар, Пандил Димулев, не се зафатил да ја лекува, секогаш по залез и без сведок, со денови и со месеци можеби, па во некое утро застанало момчето пред својот татко и, копајќи со врвот на опинокот пред себе, сцрвено и бушаво од сон, рекло дека може да се почувствува со рака и уште повеќе да се чуе со уво: русокосата женичка носи под градите живот, ќе биде или внук или внучка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе видев дека е убаво напасен, го одвојував од овчињата и го учев да се буцка со роговите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но тој чудна ука ми кажа, ми ја преподаде уката на криењето тајни а украдени нешта, и јас видов дека срцето негово веќе сосема во пороци зараснало, како нива заборавена од Господа и рака човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Исто така и со раката на истите места фаќам и, ако сакаш да видиш, ќе видиш дека на тие места е фаќано.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во одделот 5. видовме дека противречноста е изведена од страна на фактот дека постои извесна операција (деконструкција) што, кога ќе се примени на тоталитет од извесен вид, продуцира еден нов ентитет од тој вид; кога ќе се примени на тоталитет од сите ентитети од тој вид таа значи мора да продуцира нешто што е И во И вон тој тоталитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)