види (гл.) - не (чест.)

Виде не виде, попот му ја објасни положбата на даскалот Бина и на протата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби, тоа е висина на духовен растеж до која сѐ уште не сум стигнал, но јас, ако задоволството од прочитаното, виденото не го споделам со други, се чувствувам како да не сум исполнил суштествена обврска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се оттргнуваше од таа занесеност кога до неа допираа, како далечно шепотење, зборовите на дедо: - И кога дојдов до претсело, враќајќи се од пазар во Костур, каде за секого купив подароци, тогаш истрча тоа пусто куче на Нановци и гав од тука, гав од ваму, јас брани се со стапот, ама тоа а да ме касни, а да се фрли врз мене, пат не дава да поминам и јас, видов не видов, му го фрлив фустанот што го имав купено за Циљка и така си дојдов дома жив и здрав и вас ве најдов уште поздрави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А стопанот, виде не виде, го прежали наивното кученце на кое сѐ му даде и се заколна дека повеќе нема да прибира скитачки кучиња.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Куклите видоа не видоа, побегнаа во некои други агли на дискотеката барајќи си сопствена забава.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Светлана беше нема, тоа што го слушна и виде не ѝ дозволуваше одбрана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виде не виде, без очекуваната реакција, продолжи: - Ги градеше нашиот народ овие бункери со големи лишувања, но и со жртви.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние сите знаеме дека годинава, на тој студ, крстот не можел да не замрзне, ама „додека не видиш не верувај“ велеше дедо ми Крстин.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Та ти се испијанив... И еве уште ме држи... А чекај, жено!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не најдов муштерија, та видов не видов, ја однесов маста кај трговецот што му имам за давање.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Виде не виде, Жеро Жерав зеде да измислува прикаска со која сакаше да ме ослободи од стравот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги сретнеш ли залет земај – пат под нозе, да те нема!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога ја видов не почувствував никаква блискост кон мајка ми, а и таа кога ме виде рече ... е ова не е моето чупе, такво бледо и слабо!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И тоа што се кријам од неа и не сакам да ја видам не значи дека јас неа ја мразам 100 посто.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Може и да ѝ го покаже на Митра, и таа ќе се израдува, и да го виде не може да призне во него оти не ги знае кирилските букви (не ги знаеше ни грчките), само сепак, Чана не може да го направи тоа, едноставно радоста од писмото прво сама сака да ја има само за себе, а после ќе ја дели со другите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Уља и Велика како врзуваат крај со крајот, Горица сега да ме види не ќе знае што род сме и сигурно ќе бега од мене, улав живот, ебати животот наш, да не се делевме заради мене може поарно ќе живееја, ама човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева, барем него ништо не може да го изненади...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)