вика (гл.) - да (сврз.)

Девојка во војничка униформа, потпрена на левиот лакт без престан ѝ мафта со десната рака и ја вика да дојде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ќе му се присакаше на Китан да пие, викаше да му донесат, тропаше на вратата, напињаше да ја скрши. Но тие не му даваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Фљзех у тии маленките сокачиња... и па пу мене. Си викам да нее ут тии убрненте.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Шо глеете вии у таа магла бе. Вас градо ви е маскиран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нѐ викаат да ги заземеме старите функции.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Викам да бега, но главата само подрипнува и уште поочајно ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Викам да ми помине, вели Воскресија Мукаетова и се закашлува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Онисифор Проказник им викаше да молкнат. Од ридот паѓаше споулавена смеа додека болниот квичеше со глас на премрзнат пес и го повторуваше името на Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не ќе има кој да нѐ закопа. Утре и нашите коски ќе дават намерници и улави денгуби какви што сме ние во ова стојбиште.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е, па, затоа е тишина. Затоа никој не ме вика да појадувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во селото се правеа многу свадби и ме викаа да помагам, одев и кај роднини и кај јабанџии да им помагам, зашто многу убаво го месев лебот, посебно убаво месев мајалник – наутлија, тоа го научив од стрина ми Риска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По Ѓурѓовден, ајле по сведенот беше, ја копам градината, а на децата им викам да ги собираат камчињата, тревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас му викам да застане, а тој не се свртува, не ме слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се црнее на снегот, ко гавран и вика да го оставам коњот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Под прозорот се јазат уморено во собата познатите звуци на гитарата Тоа пак во дворот осамотен пее и вика да го придружиме стариот пријател наш Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее:
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)