викне (гл.) - некој (зам.)

- Идиот! - викна некој таму од сета сила. Чаши стрескотија, се чу како падна столица, отфрлена на минување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа е факт, другари... - Да живее другарот Захаријадис! - викна некој од задниот ред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Симон“, ми викна некој, „ашколсун. Ќе дојдеме до вода“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Туку немај гајле, ќе викнам некоја жена од комшииве и подоцна ќе појдам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Види викни некоја жена од комшииве и појди по вода. Викни ја Софка.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Од името на законот, грубо викна некој зад мене. - Од името на законот, ос-тав...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште еден таков удар од полн замав пак по голото теме, колку неразбирлив толку и ненужен, и Орлен Шумков со споулавеност во шашливите очи и наведнат над последниот труп можел да објави дека на дружината ѝ е отворен патот кон нови ужаси и кобнички претчувства за невидени зла на копучкиот никаков живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Пандил Димулев е ранет, викнал некој со глас на придушено липање. - Умира. Повикајте го Никола Влашки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил повеќе во исчекување отколку исплашен - очите му се стиснале како на човек кој наслушува непознат глас од далечина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Василе ... Еј, Васко Тушев, викнал некој. - Виде ли? Загина баџанак ти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го слушнав и Цуцул Мицковски: „Тој нема веќе ни коса ни брада.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Еве шарлаган", викна некој. „Еве сончогледов шарлаган, браќа.“ „Еве шарлаган и од кикирики“ викна и Сандре Самарија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Еј, воденичаре! Воденичаре! - викна некој однадвор. Сите замолчеа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)