викне (гл.) - таа (зам.)

Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Не почнува Комисијата од утре да оди по куќи и да ги оценува? - тетка ми Марија беше упорна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Еј, - викна таа тихо отстрана и одеднаш излегува на чистинката пред него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја грабнаа сирота невеста на правина и ја врлија во темни зандани.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Рангеле! - викна таа, ама никој не се одзва. - Сигурно спие!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кучките сестри беше 'и викнала таа ѓоа да ѝ поможат за раѓачката, да ѝ сторат измет, и наместо измет пакос ѝ сториле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ме викна таа мене настрана и ми вели: „Дине“, ми вели, „ние во касата имаме 21.250 динари кусок. Што да правиме?“ ми вели. „Кажувај чаре!“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- О! - викна таа. - Зарем заврши?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)