викне (гл.) - ја (зам.)

Ќе видиш утре на светлост.“ „Златото свети и в мрак.“ „Секако, свети. Ајде, викни ја Јана.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја гледаш? Викни ја, Кире, викни ја...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Викни ја мама да ме бакне, таа заборави на мене, затоа не можам да заспијам, - му реков и го прегрнав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се скрши гласот на Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ВАСИЛКА: Викни ја нека дојде, јас да ја попеам со некој благ збор.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)