викне (гл.) - дека (сврз.)

Но знаејќи си го Јована за штеркнат во умот, не само во тоа што не виделе ништо сомнително, туку, напротив, им станало смешно и жално за човекот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Онисифор Проказник им викнал дека четвртата двоколка во редот е готова, дека ќе го продолжат патот до урнатината на кулата или на манастирот што не доизраснал до темното небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа се случило толку брзо и толку неочекувано, што тројцата железничари не стигнале дури ни да им викнат дека во погрешен воз се качуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но знаел, и постарите можеле тоа да го знаат, дека Онисифор Проказник не ќе им даде да го заколат волето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЉУБА: Па еве што ќе направам: ќе му викнам дека јас него го сакам, дека сѐ беше грешка, дека сум готова да побегнам со него на крајот од светов...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)