викне (гл.) - и (чест.)

Првин ја запозна со Бонети на еден ручок што го приреди кај него дома: ја викна и Цара да ѝ помогне на жена му во приготвувањето на јадењата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Погледнав низ прозорецот и видов една група мажи пред куќа, застанале, очигледно да ме викнат и мене, или барем да ме известат за собирањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првин ја зедов тетка Славјанка, мајка на Оливера Поточка, а потоа ги викнав и Катина Егова и Паскалина Ајта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На света Недела, наредната, дојдоа Танаско со Пена и синот на Борис Биџов, дури од под Калето, од Фестивална, ги викнаа и синовите на Коста Ципата, Атанас на Вета и двата големи сандака, наполнети со облеката на двете Пелагии, ги кренаа на раце и ги однесоа онде зад фабриката, прво во дворот на тетка Перса, а потоа и во одајчето што беше одредено за нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А да ги викнеме и соседите? Има многу риби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Какво чудо!“ викнал и самиот изненаден. А потоа им го раскажал на двајцата пријатели својот сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На излегување ме викнаа и мене. Другите ги оставија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А оти не ме викна и мене, прашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)