виси (гл.) - пиштол (имн.)

А тој, во валкани чизми, со левата нога малку свиткана, со десната рака зафрлена зад колкот на кој му виси пиштолот, потпрен на стап, стегнат во половината со широк појас и со два ремена препашани крстум на градите, таму, од бината, не гледа онака намуртено, под мустакот, и како да ни вели: “Бидете мирни, пезевенци, и слушајте ја Маријанти”...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)